РЕЗИМЕ

Во оваа студија го разгледуваме граѓанското учество во Македонија во периодот од 2012 до 2016 година меѓу населението на примарна работоспособна возраст од 16 до 66 години. Се разгледува од четири различни аспекти. Прво, како учество во граѓански иницијативи за општо добро, односно здружување на граѓаните во акции за подобрување на заедниците. Второ, како граѓански активизам, односно како обид да се решат одредени општествени проблеми пре- ку контакт со властите или преку учество во јавни дискусии, работни групи, граѓански протести, петиции и преку доставување претставки и предлози. Трето, преку конвенционалното граѓан- ско учество, односно преку гласањето на парламентарни, локални и претседателски избори. И, на крајот, преку волонтерството, односно преку давање бесплатната помош на индивидуи и организации. Освен состојбата со граѓанското учество разгледувано од овие четири аспекти, во студијата се разгледуваат и ставовите релевантни за предвидување на граѓанското учество, како односот на граѓаните кон можностите за граѓанско дејствување и вклученост како и односот кон нивните заедници. Освен тоа, студијата покажува и како се разликуваат граѓаните со различна демографска заднина од сите овие аспекти.

Граѓаните и нивните заедници

Во периодот од 2012 до 2016 година во просек 44,4 % од граѓаните се убедени дека нивните сограѓани се солидарни, т.е. дека често или цело време си помагаат, а нешто помалку од поло- вина (во просек, 48,12%) рекле дека на соседите може да им се верува. Сепак, висок процент од граѓаните на возраст од 16 до 66 години се поцинични, т.е. сметаат дека соседите ретко си пома- гаат (во просек, 46,5%), и веруваат дека доколку би имале можност, соседите би ги искористиле (во просек 51,88%).

Наодите упатуваат дека повеќе од половина од граѓаните на Република Македонија чувствува- ат висока припадност на своите локални заедници и на земјата во која живеат. Припадноста на заедниците е највисока во 2012 година, и во периодот до 2016 година се евидентира значителен линеарен тренд на опаѓање на чувството на припадност на Македонија и на непосредните маа- ла/населби. Во 2012 година 75,5% од граѓаните чувствуваат висока припадност на Македонија, но во 2016 година овој процент опаѓа на 63,6%. Во просек, граѓаните чувствуваат поголема при- падност кон Македонија отколку кон непосредните заедници (градови или села) во кои живеат.

Иако граѓаните најмногу се идентификуваат со својата земја, процентот на граѓани што се многу задоволни од Македонија е помал од процентот на граѓани што се многу задоволни од своите градови и села и непосредните маала и населби во сите испитувани години. Просечната оцена за задоволството од Македонија не се менува значително во периодот од 2013 до 2016 година и најголем дел од граѓаните или четири од десет се делумно задоволни од својата земја. Сепак, од друга страна, задоволството од непосредните заедници значително опаѓа по 2012 година. Во 2012 година 19,3% се малку задоволни или воопшто не се од своите градови (села), додека во 2016 година секој четврти (24,8%) дал некој од двата одговори што упатуваат на незадоволство.

Задоволството на граѓаните од работата на локалните власти е драстично помало од задовол- ството од местата на живеење. Во 2012 година, бројот на многу задоволни граѓани е помал од петтина, а во 2015 година само 11.1 % рекле дека се многу задоволни. Од друга страна, во периодот до 2014 година, бројот на незадоволни од локалните власти достигнува речиси половина од граѓаните на возраст од 16 до 66 години (46% во 2012 година и во 2013 година и 48% во 2014 година), а во 2015 година да пораснува на нешто повеќе од половина (54.5%).

Иако во сите години на испитување, во просек, двајца од тројца граѓани рекле дека планираат да останат таму каде што живеат, веројатноста за одговорот што изразува намера за миграција во странство линеарно расте во периодот од 2013 до 2016 година. Во 2013 година секој петти рекол дека планира да се пресели, но во 2015 и 2016 година повеќе од четвртина од граѓаните плани- раат да ја напуштаат Македонија.

Ставови кон граѓанското учество

Во периодот од 2012 до 2016 година повеќе од половина од граѓаните на возраст од 16 до 66 годи- ни се уверени дека воопшто не можат да влијаат врз одлуките на општината, а секој петти смета дека може да влијае малку. Тоа се три од секои четири граѓани што се со став дека не можат да влијаат или можат да влијаат само малку. Довербата во својата моќ за влијание меѓу граѓаните е најпоразителна за одлуките што се однесуваат на нивната земја. Најголем дел од нив или, во просек, од сите испитувани години двајца од тројца (68,2 %) се уверени дека воопшто не можат да влијаат врз одлуките што се донесуваат за Македонија, а секој десетти смета дека може да смени само малку. Всушност, во просек, во периодот од 2012 до 2016 година 83.94 % од граѓаните на возраст од 16 до 66 години сметаат дека малку можат или воопшто не можат да учествуваат во одлуките што се носат на национално ниво. Просечната процена за можноста да се влијае врз националните одлуки не се менува значително и може да се заклучи дека во периодот од 2012 до 2016 година најголем дел од граѓаните се чувствуваат политички немоќни.

И покрај малата оцена за сопствените можности за дејствување, во периодот од 2012 до 2016 го- дина, мнозинството граѓани на Република Македонија чувствуваат лична одговорност за подо- брување на општеството (56,84% во просек од сите години на испитување), сакаат да бидат по- веќе вклучени (во просек, 50,7%) и сметаат дека да се има можност за влијание е многу важно (во просек 45%). Сепак, незанемарлив дел од граѓаните сметаат дека подобрувањето на општество- то не е нивна работа (во просек, 36,78%), не сакаат да бидат повеќе вклучени во донесувањето на одлуките (во просек, 22,16 %) и не мислат дека е важно да се има можност за влијание (во просек, на 11,18% им е малку важно, а на 11,74% воопшто не им е).

Граѓанско учество во Македонија: Иницијативи за општо добро

Во 2012 година нешто повеќе од петтина од граѓаните рекле дека учествувале во граѓанска иницијатива, додека во 2013 година процентот на активни граѓани упатува дека секој четврти учествувал во граѓанска иницијатива за општо добро. Граѓанското учество доживува значителен пораст од 2013 во 2014 година, кога 32,9 % (третина) од испитаниците потврдиле дека биле дел од некаква граѓанска иницијатива, но не се менува значително по 2014 година.

Најчести граѓански иницијативи во периодот од 2012 година до 2016 година се еколошките ак- ции поврзани со чистење и собирање отпад, пошумување или организирани поправки на ин- фраструктура (патишта, водовод, канализација и сл.), додека учеството во хуманитарни акции е релевантно за 19% до 25,1% од граѓаните што биле дел од некаква граѓанска иницијатива.

Граѓанско учество во Македонија: Активизам

Освен преку контактите со локалната власт, македонските граѓани многу ретко индивидуално се обидуваат да решат одреден проблем, преку контакти со институциите. Во периодот од 2012 до 2016 година, за решавање општествени проблеми со општината, во просек, контактира речиси секој петти граѓанин, со пратениците контактираат помалку од десеттина од граѓаните, а со вла- дините претставници, односно министрите, во просек, контактираат помалку од 5% од граѓаните. Интересно е да се забележи дека за решавање одреден општествен проблем, доследно во сите испитувани години, поверојатно е граѓаните да контактираат со политичките партии отколку со избраните претставници. Во поглед на активностите, во периодот од 2012 до 2014 година, најдо- бро котира учеството на јавна расправа за локални проблеми, со учество, во просек, од 16,3% на граѓаните, но во 2015 и 2016 година се зголемува процентот на граѓани што потврдиле дека учествувале во протести, јавни демонстрации и јавни собири и, според податоците, 20,9% од испитаниците во 2015 година, а 17,7% во 2016 година биле дел од вакви активности. Ваквиот наод е доследна рефлексија на општествените случувања во изминативе две години, кога во Македо- нија се случуваа масовни протести.

Учеството во хостилен активизам (протести и потпишување петиции) доживува значителен по- раст во 2015 година, кога значително опаѓа учеството во контакт-активизмот, кој се остварува преку комуникација со јавните институции (локалните власти, пратениците и претставниците на владата) или политичките партии и учеството во конструктивниот активизам, кој се однесува на ангажираноста во групи и јавни расправи или на давање предлози и претставки до јавните ин- ституции.

Конвенционално граѓанско учество во Македонија: Гласање на избори

Излезeноста на гласање, според известувањата на граѓаните во периодот од 2012 до 2016 годи- на, не се променува значително и, во просек, осум од десет граѓани (79,82%) на возраст од 18 до 66 години декларативно гласале на (речиси) сите избори, а седум од десет (69,62%) граѓани се изјасниле дека сигурно ќе гласаат на наредните избори. Само мал дел од граѓаните (во просек, за сите пет години, 3,38%) изјавиле дека ниту еднаш не го искористиле своето право на глас или се сигурни дека нема да гласаат (во просек, за сите пет години, 5,4%).

Граѓанско учество во Македонија: Волонтерство

Процентот на граѓани што членувале во некоја организација, група или клуб не се менува значи- телно во периодот од 2012 до 2016 година и може да се каже дека во просек помалку од петтина од граѓаните го донирале своето време во т.н. традиционално волонтерство. Просечно, во периодот од 2012 до 2016 година, четворица од десет (39,36%) се ангажираат поретко од еднаш неделно, но барем еднаш месечно, нудејќи бесплатна помош во организацијата/клубот каде што членуваат, а дополнителни три од десет (или, во просек, 27,78 %), волонтираат барем еднаш неделно. Не- формалното волонтирање е многу почесто меѓу граѓаните и, во просек од петте години, високи 87,98 % од граѓаните помогнале на пријател или на непознат човек. Најголем дел од граѓаните или, во просек, 68,02 % донирале (на пример, крв, облека, пари. ..), а најмалку укажале лична грижа за болно или за изнемоштено лице (во просек за сите години, 24,76%) или застапувале некого (просек за сите години, 24,2%). Иако неформалното волонтерство е позастапено меѓу граѓаните, најголем дел од нив го практикуваат ретко (во просек, 50, 17% во периодот 2012-2014 година) или по потреба (во просек 62,45% во периодот 2015-2016 година).

Предвидување на граѓанскиот активизам и учеството во граѓански иницијативи

Волјата за вклученост, која подразбира лична одговорност за општествени промени и наклонетост за поголема инволвираност во процесите на одлучување, како и членството во организации, клу- бови и групи како предуслов за формално волонтерство, ја зголемува веројатноста за учество во граѓански иницијативи за општо добро и за ангажираност во секоја од трите форми на граѓански активизам. Веројатноста за учество во граѓански иницијативи за општо добро и за ангажираност во контакт и конструктивен активизам значително се зголемува и со зголемување на довербата во сопствената моќ за влијание, додека за хостилниот активизам клучна улога имаат вреднувањето на промените што се случиле и ангажираноста во спротивставувачки активизам, а особено преку учество на протести и демонстрации, доживуваат пораст во 2015 година, кога се случува и значите- лен пад во веројатноста за оценување на промени на подобро во Македонија.

ВОВЕД

ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ И НАУЧНАТА ЛИТЕРАТУРА: ПОКАЗАТЕЛИ НА ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО

Граѓанското учество како концепт е суштинска компонента на едно здраво демократско општество. Ангажираното граѓанство, односно граѓаните кои се активно вклучени во подобрувањето на своите заедници и својата држава се од огромна корист за граѓанското општеството и главен показател за здрави заедници, демократска држава и задоволни граѓани (Ehrlich, 2000; Zaff, Boyd, Li, Lerner, & Lerner, 2010).

Граѓанското учество, во најшироката смисла, е склоп на ставови, знаења и вештини, но пред сè активности кои се од корист на општеството, односно го подобруваат општото добро и благосостојбата на заедницата (Lenzi et al., 2012; Youniss, Mclellan, Su, & Yates, 1999). Овие активности, кои најчесто се базираат на волонтерска работа, се наоѓаат под разни термини кои често се употребуваат синонимно. Најчесто употребувани термини се: граѓанска партиципација, граѓанско учество, граѓански активизам, граѓанска вклученост, ангажирано граѓанство и граѓански ангажман (Lenzi, et al., 2012)

Волонтерството, од друга страна, се дефинира како составен дел од граѓанското учество и со тоа уште повеќе се акцентираат придобивките на општеството од граѓанското учество. Така, Меѓународната организација на трудот цени дека волонтерството придонесува со најмалку 400 милијарди (американски) долари во глобалната економија и, освен тоа, придонесува за обука на работната сила (ILO, 2008).

Важна терминолошка, но и концептуална разлика воведуваат Dejaeghere & Hooghe (2009), кои прават разлика меѓу конвенционална партиципација и граѓанска ангажираност, каде конвенционалната партиципација е поврзана со употреба на постојните државни механизми за влијание и, всушност, претставува политичка активност како, на пример, гласање, односно излезност на избори, додека концептот „ангажираност“ е поврзан со волонтирање, помагање и активности во заедницата. Волонтерството понатаму се дели на формално и неформално, каде формалното волонтерство е волонтерство преку невладини, непрофитни и други видови на организации (ние го нарекуваме и традиционално волонтерство), додека неформалното или нетрадиционално волонтерство е директно помагање на поединци, вон рамките на одредена организација.

Граѓанското учество (вклучително и волонтерството) е еден од главните показатели за социјална вклученост и интеграција на граѓаните (Dejaeghere & Hooghe, 2009; ILO, 2008), па така, граѓаните кои се активно вклучени во подобрување на сопствените заедници чувствуваат поголема припадност на заедниците и, со тоа, ја подобруваат добросостојбата на општеството во целина и сопствената благосостојба, бидејќи преку граѓанското учество тие се чувствуваат корисни и поврзани со своите заедници (Lerner, 2004; Zaff & Michelsen, 2001). Некои автори одат дотаму што тврдат дека активната вклученост во подобрувањето на заедниците не само што го подобрува општеството и задоволството на граѓаните, туку и самиот развој на граѓаните, бидејќи граѓанската ангажираност е во тесна врска со самите сфаќања и ставови на граѓаните и тоа, пред сè, со ставовите за доверба во функционалноста на системот, доверба во сопствените заедници и сограѓани, како и доверба во сопствената ефикасност и корисност (ILO, 2008; Zaff, et al., 2010).

Модели за граѓанско учество

За да се одговори на прашањата кој учествува и зошто може да се издвојат две метатеориски перспективи (Charles Pattie, Seyd, & Whiteley, 2004) – според првата граѓанско учество е индивидуален избор кој се темели на процени за корисноста од сопствената инволвираност, а според втората нивото на партиципација е производ на општествената структура која ги детерминира ресурсите, а со тоа и можностите за учество. Првото стојалиште се потпира на претпоставките за рационален актер и е застапено во моделот на општи инсентиви (Whiteley & Seyd, 1998; Whitely & Seyd, 1996), додека второто стојалиште може да се опише преку моделите за граѓански волунтаризам (Verba et al.,1995; Brady et al., 1995) и социјален капитал (Putnam, 1993, 2001), кои делувањето на поединецот го опишуваат преку припадноста на социјалните групи.

Според економската теорија за демократија на Downs (1957), граѓаните во своето политичко делување се економски рационални актери кои се трудат да ги максимизираат своите добивки и да ги минимизираат своите трошоци. Поаѓајќи од ваквата премиса за рационалност, во моделот на општи инсентиви (Whiteley & Seyd, 1998; Whitely & Seyd, 1996) граѓанското учество ќе се случи ако трошоците за инволвираност се ниски, а добивките од учеството се високи. Повикувајќи се на Olson (1971), авторите разликуваат колективни и селективни добивки на партиципација. Колективните добивки се однесуваат пред сѐ на јавните политики кои се донесле или промениле како резултат на граѓанското залагање, а чии бенефити ги ползуваат и оние кои не учествувале во активизмот, додека селективните добивки се приватни добра кои се ограничени само на учесниците и истите може да бидат процесни- како катарза или задоволство од учеството или да резултираат како исходи кои се згарантирани за инволвираните- пример политичката амбиција може да мотивира граѓанско учество. Како што е веќе потенцирано, учеството ќе се случи ако трошоците се помали од добивките но клучно е да се нагласи дека бенефитите ја мотивираат акцијата зависно од увереноста на актерот во неговата делотворност: колку помалку е убеден дека неговите или нејзините лични акции ќе влијаат на исходите, толку помалку ќе се вложи себеси во ангажманот. Ова значи дека во „калкулосот“ на граѓанското учество освен соодносот на добивките и трошоците, круцијална улога има и перцепцијата за политичка ефикасност.

Иако моделот на општи инсентиви (Whiteley & Seyd, 1998; Whitely & Seyd, 1996) се потпира на рамката за рационален избор, во него се елаборирани и „ирационални“ варијабли од социјалната психологија како експресивни мотиви и социјални норми за партиципација. Учеството не е функција само на трошоците и добивките, туку и на афективната приврзаност: оние кои чувствуваат силна припадност на општествената заедница, поверојатно е дека ќе дејствуваат за неа отколку оние кои не чувствуваат приврзаност. Вака мотивираното учество не произлегува само од ветувањето за добивки од инволвираноста, туку и од чувството на лојалност и поистоветување со заедницата за која се дејствува. Конечно, колективната ангажираност надвор од теоретизациите за когнитивни калкулации зависи и од социјалните норми како консензуални вреднувања и прескрипции за граѓанско учество. Поверојатно е дека ќе се учествува ако и другите особено „значајните“ други учествуваат.

Ако во моделите на рационален избор се нагласуваат инсентивите за вклученoст во социоекономските модели се нагласува другата страна на равенката, поточно ресурсите за делување. Граѓанското учество е помалку извесно кај помладите, пониско образованите и посиромашните (Pattie & Johnston, 1998; Charles Pattie, Seyd, & Whiteley, 2003). Граѓанското учество и политичката партиципација не се само личен избор бидејќи се стратификувани според социоекономскиот статус (Uslaner & Brown, 2005). Иако се евидентирани значајни кросцексионални поврзаности меѓу социоекономските фактори и граѓанското учество, инхерентниот парадокс на овој модел е отсуството на кростемпорална поврзаност. На пример, анализирајќи го гласачкото однесување од втората половина на дваесеттиот век во САД, Lyons & Alexander (2000) констатираат пад во излезноста, иако агрегираните нивоа на формално образованиe доживуваат пораст.

Како обид за доелаборација на социо-економската рамка за граѓанско учество може да се наведе моделот за граѓански волунтаризам (Verba et al.,1995; Brady et al., 1995; Parry et al., 1992) кој освен што ја нагласува важноста на ресурсите објективизирани преку социо-економскиот статус и времето кое е на располагање ги потенцира и ставовите кои го посредуваат влијанието на социо-економскиот статус, како чувството на политичка ефикасност и заинтересираноста и информираноста за вклученост. Граѓански ангажирани се оние кои можат - имаат време, пари, образование и „граѓански вештини“ кои им обезбедуваат компетентна партиципација, но и оние кои сметаат дека можат да влијаат и оние кои се заинтересирани да се вклучат. Колку повеќе се граѓаните уверени дека нивните ставови и акции ќе имаат влијание на исходите од одлучувањето, толку поверојатно е дека ќе се вклучат во политичка акција. Иако слично како и во моделот на општи инсентиви (Whiteley & Seyd, 1998; Whitely & Seyd, 1996) и во моделот на граѓански волунтаризам е релевантна перцепцијата за политичка ефикасност, сепак постои суптилна разлика во концептуализацијата. Во моделот на општи инсентиви перцепцијата за можноста на влијание нужно се потпира на објективната веројатност за успешна акција (Whitely & Seyd, 1996), додека во моделот за граѓански волунтаризам процените за сопствената делотворност се пред сè субјективни евалуации кои се врзуваат за чувството на ефикасност на поединци или групи. Оттаму истите во голема мера се детерминирани од ресурсите кои ја олеснуваат или ограничуваат влијателноста, и согласно со тоа оние со повисок социо-економски статус (приходи, образование, престиж на професија) би требало да имаат посилно чувство на политичка ефикасност. Бидејќи првично се развива како објаснување за политичкото учество, моделот ја истакнува и важноста на партиската идентификација и на општата инволвираност во политичкиот систем но и на катализаторската функција на мрежите за мобилизација. Членството во граѓански организации и волонтерската ангажираност го олеснуваат учеството создавајќи мрежи за регрутација и овозможувајќи вежбање на т.н. „граѓански вештини“. Последните се однесуваат на комуникациски и организациски компетенции кои според авторите на моделот се клучни за ефективно учество, а се стекнуваат преку формалното образование, професионалната ангажираност и вклученоста во различни организации.

Третата релевантна теориска рамка е моделот за социјален капитал (Putnam, 1993, 2001) кој граѓанското учество го обајснува преку интегрираноста на заедницата. Според моделот, членството во локалните организации и приклучувањето во формални и неформални здруженија и групи дава можност да се создадат мрежи на соработка кои се потпираат на правилата на реципроцитет (Putnam, 2001). Инхерентниот реципроцитет ја поттикнува довербата во другите, овозможувајќи ваквите здружувања да станат социјален капитал кој може да се „инвестира“ во колективна ангажираност за заеднички цели и промена на јавните политики. Иако е проблематична операционализацијата на концептот, според некои автори (Dekker & Van den Broeck, 1998; Putnam, 1993) наспроти изолираните и фрагментирани општества, општествата кои се побогати со социјален капитал имаат поодговорни и пореспонсивни институции. Мерен како интерперсонална доверба, социјалниот капитал во кроснационалното истражувањето на Whiteley (2000) значајно ги предвидува варијациите во економскиот раст, што упатува дека социјалниот капитал може да се конвертира и во финансиски капитал. Меѓутоа и покрај ентузијазмот граѓанското општество да се ревитализира преку мобилизирање на граѓаните да волонтираат и да членуваат во граѓански организации и клубови, некои автори (Theiss-Morse & Hibbing, 2005) нагласуваат дека ваквата аполитичка ангажираност во прагматични активности како добротворни акции, неретко станува алтернатива и замена за активизмот преку кој треба да се отворат горливи политички прашања и да се „вознемират“ политичките коалиции инсталирани во институциите.

Иако во презентираните модели ставовите кон можностите за дејствување како уверувањата за политичка ефикасност и ставовите кон заедниците како чувството на припадност се концептуализирани како предиктори на граѓанското учество, не треба да се исклучи можноста за повратно влијание. Граѓаните кои се активно вклучени во подобрувањето на сопствените заедници чувствуваат поголема припадност на заедниците и со тоа ја подобруваат и добросостојбата на општеството во целост и сопствената благосостојба, бидејќи низ граѓанското учество тие се чувствуваат корисни и поврзани со своите заедници (Lerner, 2004; Zaff & Michelsen, 2001). Некои автори одат дотаму што тврдат дека активната вклученост во подобрувањето на заедниците не само што го подобрува општеството и задоволството на граѓаните, туку и самиот развој на граѓаните, бидејќи граѓанската ангажираност е во тесна врска со ставовите за доверба во фукнционалноста на системот, доверба во сопствените заедници и сограѓани како и доверба во сопствената ефикасност и корисност (ILO, 2008; Zaff, et al., 2010).

ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО И МЛАДИТЕ

Врската помеѓу граѓанското учество и социјалната вклученост е особено важна за маргинализираните групи како, на пример, етничките малцинства и особено младите, кои често се опишувани како апатична, неангажирана и социјално исклучена група (Blais, Gidengil, & Nevitte, 2004; Franklin, 2004; Jois & Toppe, 2005; Kimberlee, 2002; Korunovska Srbijanko, Korunovska Avramovska, & Maleska, 2011, 2012a; Pippa, 1999)

Загриженоста за намаленото граѓанско учество на младите е тема на голем број истражувања и јавни политики и, веќе со децении, оваа состојба се оценува како кризна , бидејќи зголеменото младинското неучество, особено на избори 1Како што веќе напоменавме, гласањето на избори, исто така, е поткатегорија на граѓанското учество, бидејќи граѓаните кои гласаат на избори се активно (иако индиректно) вклучени во политичките одлуки за сопствените заедници. Гласањето на избори, исто така, се нарекува конвенционално граѓанско учество. (EC, 2013; UNDP, 2012a, 2012b), го загрозува опстојувањето на демократското општество, односно опстојувањето на репрезентативната демократија. Младите луѓе во новиот глобализиран свет на дигитални медиуми се оценети како група која не ја сфаќа важноста на јавните политики и на традиционалниот граѓанскиот активизам, односно тие се група која не гледа полза од нив (Bennett, Wells, & Rank, 2007). Со тоа, младите се оценети како неинтегрирани во „општеството на возрасните“, односно како социјално исклучени (Dejaeghere & Hooghe, 2009; Harris, Wyn, & Younes, 2010).

Не сите автори се загрижени за опаѓањето на младинското граѓанско учество. Голем број сметаат дека, иако младите не учествуваат во своите заедници во традиционалната смисла на зборот (на пр., преку гласање на избори или учество во политички партии), тие „компензираат“ со нови, прогресивни идеи и однесувања, особено преку новите медиуми, но и преку улични перформанси, волонтерство и протести (Bennett, et al., 2007; Dejaeghere & Hooghe, 2009; Jois & Toppe, 2005). Овие автори тврдат дека нестабилниот социјален контекст во кој се наоѓаат младите придонесува тие самостојно да го редефинираат својот политички стил на дејствување со тоа што, наместо во конвенционалните видови на граѓанско учество, тие учествуваат во нови активности како, на пример, волонтерство на локално ниво, консумерски активизам, поддршка на глобални каузи, учество во меѓународни активности и креирање глобално граѓанско општество преку партиципација во социјалните мрежи и форуми (Bennett, et al., 2007; Cohen, 2005; Dejaeghere & Hooghe, 2009; O’Toole & McDonagh, 2003; Zaff, et al., 2010).

Во секој случај, акцентирањето на намаленото (конвенционално) граѓанско учество кај младите и разбирањето на причините за неговата појава е важно бидејќи истражувањата покажуваат дека граѓанското учество е стабилно низ годините, па така оние кои се граѓански (не)активни како помлади веројатно ќе останат (не)активни и како постари (Jois & Toppe, 2005), но и бидејќи бројот на млади кои се карактеризирани како апатични и незаинтересирани расте со секоја измината година, како што веќе напоменавме, и го загрозува опстојувањето на репрезентативната демократија.

1 Како што веќе напоменавме, гласањето на избори, исто така, е поткатегорија на граѓанското учество, бидејќи граѓаните кои гласаат на избори се активно (иако индиректно) вклучени во политичките одлуки за сопствените заедници. Гласањето на избори, исто така, се нарекува конвенционално граѓанско учество.

ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО ВО ЗЕМЈИТЕ ОД СРЕДНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА: КОМУНИЗАМ И ТРАНЗИЦИЈА ВО ПЛУРАЛНИ ДЕМОКРАТИИ

Загрижува и податокот што најголемиот дел од наодите, теориите и истражувањата се однесуваат на високоразвиените земји кои имаат долга историја на плурална демократија, односно фактот што состојбата со граѓанското општество во помалку развиените земји е речиси неиспитана.

Поради оваа оскудност на информации, интересно е да се разгледаат разликите меѓу помладите и постарите генерации во системите кои беа подложени на транзиција од социјалистичко (комунистичко) општество во парламентарна демократија. Потенцијалните разлики меѓу помладите и постарите генерации во нивните ставови за политичкото и граѓанското уредување, како и разликите во степенот и начините на активно дејствување за подобрување на заедниците се дотолку поочекувани, бидејќи во овие земји постарите и помладите генерации се израснати во сосема поинакви системи на уредување и на вредности. Овие држави се карактеризираат со релативно нови политички, економски и граѓански системи, а граѓанското општество во нив сè уште се развива и нема постигнато ниту зрелост ниту стабилност. Контекстот е толку различен и системите се во толкаво константно менување, што може да се очекуваат разлики и во јачината и во постоењето на досега дискутираните утврдени врски помеѓу граѓанската вклученост и сите нејзини показатели како, на пример, социјалната вклученост, поврзаноста со заедниците, сфаќањата и очекувањата на граѓаните, како и нивните демографски карактеристики.

Додека во комунистичките режими на Југоисточна Европа учеството во „комунистичката младина“ било автоматско и принудно (без да се понуди реална автономија и учество на младите во креирањето на сопствените политики), младите денес недоволно го користат новиот систем кој нуди поголеми можности за нивно вклучување (Kovacheva, 2000). Ковачева (2000) тврди дека младите од посткомунистичките земји имаат отпор кон формалното здружување, па помалку од 10% (во некои земји дури и помалку од 5%) од младите се зачленети во граѓански организации. Со тоа, тие ја пропуштаат можноста активно да учествуваат во донесувањето одлуки и градењето јавни политики. Според авторката, ова се должи на наследената недоверба во институциите на системот вистински да ги вклучат младите во донесувањето одлуки. Затоа, младите од овие држави претпочитаат да учествуваат во спонтани, неформални движења и протести, а нивната излезност на избори се намалува, иако, генерално, трендот на излезност на младите на избори во Средна и Источна Европа е повисок од оној во развиените земји (Kovacheva, 2000).

Загриженоста за состојбата со граѓанското учество во посткомунистичките земји не е свртена само кон младите. Иако оскудна, постоечката литература за граѓанското учество во посткомунистичките земји упатува на пониска граѓанска вклученост и свест во овие земји во споредба со западноевропските земји и Северна Америка (Lenzi, et al., 2012; Mondak & Gearing, 1998). Дел од оваа дискрепанција може да се објасни со нискиот економски развој и високата стапка на невработеност во голем дел од овие земји. Така, во нивната 20-годишна анализа на граѓанското учество во САД, Lim & Sander (2013) покажуваат цврста врска помеѓу вработеноста и граѓанското учество, каде вработените се постојано поангажирани од нивните невработени сограѓани. Тие, исто така, покажуваат значајна позитивна врска помеѓу политичката партиципација и периодите на голема глобална невработеност (поголемо учество во политички партии и на вработените и на невработените во времиња на глобална невработеност), но и намалена граѓанска ангажираност во периоди на зголемена економска нееднаквост, односно нееднаквост на примања меѓу различни групи на луѓе. Ова е релевантно и за нашиот контекст бидејќи во посткомунистичките земји, поради промената на системот, се зголемија нееднаквоста меѓу граѓаните и стапките на невработеност. Ковачева (2000), исто така, ја поврзува високата невработеност на младите со нивната социјална исклученост и потенцира дека вработените имаат поголеми можности (информации) да се вклучат, но и генерално поголем мотив бидејќи се чувствуваат корисни, односно не се депримирани и скептични кон општествениот поредок поради својата подредена положба во општеството.

ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Што се однесува до статусот на граѓанското учество во Република Македонија, истражувањата покажуваат дека состојбата е на незавидно ниво. Според меѓународниот компаративен извештај на Галуп, кој граѓанското учество го мери само со три индикатори 2Донирање пари за добротворни цели, волонтирање на сопственото време во некоја организација и давање помош на непознат човек. , Македонија се наоѓа на ниското 106-то. место меѓу 130 земји, а нашите соседи зафаќаат 4 од последните 7 места на земји со најнизок индекс на граѓанско учество (Gallup, 2011). Според оваа анкета, 26% од македонските граѓани донирале пари, само 7% волонтирале време и една третина, или 33%, му помогнале на непознат човек, што е значително под светскиот просек кој изнесува 30% за донации, 20% за волонтирање и 46% за помош на непознати, и под САД кои се на врвот на листата, каде 65% од граѓаните донирале пари, 43% волонтирале време и 73% му помогнале на непознат човек (Gallup, 2011). Според последниот извештај (Gallup, 2016), состојбата дополнително се влошува и во 2015 година Македонија паѓа на 119 место од 140 земји (Gallup, 2016) спаѓајќи во десетте најниско рангирани земји според процентот на лица кои волонтирале време во организации (7 %). Ваквата незавидна состојба е одразена и во наодите презентирани во Стратегијата за развој и промоција на волонтерството на Министерството за труд и социјална политика (МТСП, 2010). Истражувањата што ги цитира Стратегијата го потенцираат ниско граѓанско учество: 10% волонтери во 2006 година според истражувањето на ЦИРа 3Центар за институционален развој. , од кои половина во граѓански организации; 16% во 2007 година и 27% во 2009 година според МЦМС 4Македонски центар за меѓународна соработка. (Клековски, Кржаловски, & Јаковлеска, 2007; Клековски et al., 2009; МТСП, 2010; ЦИРа, 2006).

Стратегијата заклучува:

„Врз основа на досегашните искуства и показатели, евидентно е дека волонтерството во РМ не е на завидно ниво. Во јавноста постои генерален недостиг на свест за користа од волонтирањето. Исто така, постои недостапност до брза информација за можностите за волонтирање меѓу одредени групи граѓани, особено меѓу повозрасните. Тоа доведува до недостиг на вреднување на волонтирањето во јавноста и негово признавање како релевантно искуство, на пример, при вработувањето“

Заклучоците на студиите кои се објавени по Стратегијата се слични: „граѓанскиот ангажман е низок“ (Клековски, Стојанова, Јаковлевска, & Нурединоска, 2011), а промени во волонтерски активности нема (Клековски, Јаковлеска, & Стојанова, 2011). Волонтерската работа не само што е мала, туку е и неконтинуирана, односно вообичаено таа е еднократна. Стратегијата на Министерството за труд и социјална политика вели дека граѓаните на РМ, во просек, волонтираат 10 часа годишно, додека анкетата за користење на времето на Државниот завод за статистика оценува дека невработените и економски неактивните Македонци, во просек, поминуваат по 3 минути ден во волонтирање, додека нивните вработени сограѓани по 4 минути на ден. Ова се отприлика 24 часа годишно за вработените и 18 часа годишно за невработените, што упатува на дводневно или тродневно волонтирање годишно (ДЗС, 2009).

Причините за ниското граѓанско учество се гледаат во нерешените егзистенцијални потреби на граѓаните (МТСП, 2010; ЦИРа, 2006), што е во согласност со научната литература која, како што веќе истакнавме, сугерира врска меѓу невработеноста и ниското граѓанско учество. Ако земеме предвид дека во Македонија стапката на невработеност е константно околу (и често над) 30% во текот на две и пол децении плурална демократија, состојбата не нè изненадува (ДЗС, 2013b).

2 Донирање пари за добротворни цели, волонтирање на сопственото време во некоја организација и давање помош на непознат човек
3 Центар за институционален развој
4 Македонски центар за меѓународна соработка

Основата за загриженост е уште поголема за младите Македонци. Прво, бидејќи дури и основните статистики за младинска излезност на избори се недостапни (Korunovska Srbijanko, et al., 2012a). Второ, стапката на невработеност на младите е редовно околу (и често над) 50% 5Овие статистики важат за млади на возраст од 15 до 24 години, но дури и кај групата млади од 24 до 29 години стапката на невработеност е околу 40%. Достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.14.04.pdf (ДЗС, 2013b), што е индикатор за огромна социјална исклученост на младите (Korunovska Srbijanko, Korunovska Avramovska, & Maleska, 2013). Логично е оние млади кои не можат да најдат работа во своите заедници (градови и села) да бараат излез надвор од нив, па така, излишно би било да се зборува за чувство на припадност на заедниците и граѓанска ангажираност во истите кога заедниците не можат да овозможат ниту основна егзистенција за младите и кога младите масовно ја напуштаат државата. Така, извештајот за миграција на Светска банка проценува дека емигрираните Македонци се 22% од вкупното население во Македонија (World Bank, 2011a, 2011b), додека Меѓународната организација на трудот тврди дека младите лица на возраст помеѓу 18 и 35 години претставуваат најголем дел од мигрантите (ILO, 2011).

Освен младите кои веќе ја напуштиле државата, загрижувачки е и податокот дека високи 34% од оние кои останале во државата, кога би имале можност, би сакале перманентно да ја напуштат (Gallup, 2014). Во извештајот на Галуп нема детални податоци за тоа колку од овие 34% Македонци кои сакаат да ја напуштат Македонија се млади, меѓутоа, во светски рамки, мнозинството лица кои сакаат да емигрираат се токму на возраст меѓу 15 и 24 години (Espirova, Ray, & Pugliese, 2011).

Ние веќе покажавме дека осум од десет невработени млади во Македонија, наспроти секој втор од вработените млади, би се преселиле од сопственото место на живеење за подобра работа (Korunovska Srbijanko, Korunovska Avramovska, & Maleska, 2012b). Половина од нив (40% од невработените и 24% од вработените) тоа би го направиле не само надвор од нивните места на живеење, туку и надвор од границите на државата 6Податоци од истражување на репрезентативен примерок од 1209 млади на возраст од 16 до 29 години. (Korunovska Srbijanko, et al., 2012b). Дури и средношколците, кои сè уште не излегле на пазарот на трудот, во голема мера, се гледаат себеси надвор од државата. Во 2010 година, на прашањето „Каде се гледате себеси за 10 години?“ 46% од средношколците одговорија дека се гледаат надвор од државата (Korunovska Srbijanko, et al., 2011, 2012b). Еден на секои десет млади, односно еден од пет млади кај најстарата група (25 до 29 години) веќе се имаат преселено во рамките на државата 7Логично, истражувањата кои се вршат на примероци во рамките на државата не се во состојба да стигнат до оние млади луѓе кои веќе ја имаат напуштено државата. (Korunovska Srbijanko, et al., 2012b)

Освен тенденциите за миграција, истражувањето спроведено меѓу македонските средношколци покажа дека во 2009 година само 16% од средношколците работеле (со друг или во група) за да решат одреден проблем во градот каде живеат, а 24% волонтирале. Понатаму, загрижувачки 68% сметаат дека не можат да помогнат, односно можат да помогнат само малку во решавање на проблемите во нивниот град, а за речиси половина од средношколците (48%) гласањето на избори не е воопшто важно или е малку важно (иако 75% од нивните родители гласале на сите или на повеќето избори) (Korunovska Srbijanko, et al., 2012b).

Сумарно, состојбата со граѓанското учество во Македонија е лоша, со индикации за ниска граѓанска и особено ниска младинска партиципација. Поради тоа, целта на оваа студија е подобро да ја разбере и да ја опише состојбата, да ги одгатне причините за истата, како и можните патишта за поттикнување на граѓанското учество.

5 Овие статистики важат за млади на возраст од 15 до 24 години, но дури и кај групата млади од 24 до 29 години стапката на невработеност е околу 40%. Достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.14.04.pdf
6 Податоци од истражување на репрезентативен примерок од 1209 млади на возраст од 16 до 29 години.
7 Логично, истражувањата кои се вршат на примероци во рамките на државата не се во состојба да стигнат до оние млади луѓе кои веќе ја имаат напуштено државата.

Следните два дела ја опишуваат методологијата со чија помош дојдовме до сознанијата за граѓанското учество во Македонија, како и состојбата со граѓанското учество во Македонија. Конкретно, во делот „Методологија“ се објаснети процедурата на истражување и деталите за примероците на граѓани кои одговараа на прашањата од оваа студија, а во делот „Резултати“ се прашањата кои им беа поставени со објаснување за секое од нив, како и резултатите, односно одговорите на македонските граѓани на овие прашања.

МЕТОДОЛОГИЈА

ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА (МЕРЛИВОСТ) НА ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО И ВОЛОНТЕРСТВО

За потребите на нашата студија ги меревме ставовите на граѓаните и нивната активност во заедницата. Поттикнати од опишаната литература, граѓаните беа прашани за нивните ставови кон заедницата (чувство на припадност и задоволство); ставовите за соседите (довербата во соседите и граѓанската ангажираност на соседите), ставовите за сопствените можности да влијаат врз одлуките што се носат во заедниците и во Македонија; како и ставовите за важноста, односно значењето на можноста да се влијае (да се биде вклучен во одлуките).

Покрај ставовите, граѓаните одговараа и дали учествувале во граѓански иницијативи за решавање проблеми или подобрување на заедниците, дали биле граѓански, односно политички активни (конвенционално граѓанско учество, како и учество на протести) и дали волонтирале (формално, преку организации, и неформално, помагајќи поединци). Конкретните прашања и деталите во врска со сите опфатени области се опишани во делот „Резултати“ од оваа студија (резултатите се поделени по области).

ПРОЦЕДУРА И ПРИМЕРОК

Истражувањето започна во 2012 година и се спроведува на годишно ниво, на репрезентативен национален примерок на возраст од 16 до 66 години. Оваа студија известува за првите 3 години и се базира на примероците од 2012, 2013 и 2014 година.

Трите примероци се случајни примероци собирани двоетапно (во две фази, преку компјутерски асистирани телефонски интервјуа (CATI). Првата фаза се состои од обична, случајна селекција, додека во втората фаза се воведува стратификација по четири параметри (пол, возраст, етничка припадност и регион), за да се постигне приближна репрезентативност на примерокот со генералното население во Република Македонија. Примерокот е подготвен со користење на податоците за населението на возраст над 15 години од Државниот завод за статистика (попис на населението од 2002 година и последната достапна процена на населението од 31.12.2011 за првиот примерок, од 31.12.2012 за вториот и за третиот примерок и од 31.12.2014 за четвртиот и петтиот примерок) (ДЗС, 2012, 2013a, 2014). Истражувањето беше спроведено од 23 септември до 20 ноември 2012 година за првиот примерок, од 28 октомври до 19 ноември 2013 година за вториот примерок, од 26 мај до 20 јуни 2014 година за третиот примерок, од 22 јули до 8 октомври 2015 за четвртиот примерок и од 29 февруари до 8 април 2016 за петтиот примерок. Статистички, примероците до 2014 не се разликуваат по ниту еден параметар, освен по месечните примања - се чини дека финансиската состојба на популацијата на возраст од 16 до 66 години доживеала промена со тоа што во 2013 година граѓаните имаа значајно 8t (1032) = 2771,16, p = 0,000 пониски месечни примања од 2012 година, додека во примероците од 2015 и 2016 година има значајно 9 Χ2 (4) = 35,44, p = 0,000 повеќе вработени и значајно 10 χ2(8) = 49, 901, p = 0,000 повеќе студенти споредено со примероците од 2012 -2014 година

8 t (1032) = 2771,16, p = 0,000
9 Χ2 (4) = 35,44, p = 0,000
10 Χ2 (8) = 49, 901, p = 0,000

Демографски и социоекономски карактеристики на примерокот од 2012 година

Примерокот од 2012 година го сочинуваат 1.209 испитаници, од кои 640 мажи (54%) и 546 (46%) жени на возраст од 16 до 66 години. Машките испитаници се малку позастапени во споредба со генералното население (50,14% мажи), меѓутоа во рамките на статистичка грешка. Просечната возраст изнесува 43 години, со следнава поделба по возрасни категории: 20,8% од испитаниците се на возраст 16-26 години, 21,5% се на возраст 27-36 години, 20,3% се на возраст 37-46 години, 19,4% се на возраст 47-56 години и 18,1% се на возраст 57-66 години.

Анкетата ги вклучи сите региони од државата: најголем број од испитаниците се од Скопскиот Регион (28,4%), по што следуваат 15,8% од Полошкиот Регион, 11,3% од Пелагонискиот, 9,9% од Југозападниот, 9% од Источниот, 8,2% од Југоисточниот, 9,9% од Североисточниот, а во најмал број, односно 7,6%, од Вардарскиот Регион. Овие стратуми се приближно репрезентативни за генералното население на возраст од 16 до 66 години. Најголем број од испитаниците (33,6%) живеат во поголеми градови, по што следуваат оние кои живеат во рурални средини (28,9%). Околу една десетина или 10,8% од испитаниците се од помали градови, 5,4% од приградски населби, а секој петти испитаник живее во главниот град Скопје (21,4%).

Образовната структура на испитаниците е следнава: 12 испитаници немаат завршено ниту основно образование, речиси еден од пет испитаници (18,4%) има завршено само основно образование, повеќе од половина од испитаниците имаат завршено средно образование и тоа 43,8% завршиле средно стручно образование и 12,8% завршиле средно гимназиско образование. Останата четвртина од испитаниците имаат завршено најмалку високо образование, од кои 2,6% имаат завршено постдипломски, докторски и специјалистички студии.

Етничка структура. Најголем број од испитаниците се изјаснија како етнички Македонци (73,4%), 17,1% како етнички Албанци и 6,0% со друга етничка припадност. 42 испитаници или 3,5% не ја искажаа својата етничка припадност.

Статус на пазарот на труд и економска моќ. И покрај тоа што примерокот главно е сочинет од испитаници со примарна возраст на работна сила, само 49,6% 11 Валидни проценти, без оние кои одбиле да одговорат. од нив се изјасниле дека имаат платена работа, без разлика дали се официјално пријавени или не. Останатите 49% се изјасниле дека не работат 12 Прашалникот од 2012 година не правеше разлика меѓу невработени и економски неактивни, само меѓу луѓе што работат и оние што не работат (без разлика дали се невработени или неактивни). , а 34 испитаници (2,8%) одбија да одговорат на ова прашање. Од оние што работат, најголем дел (75,6%) работат за друг, односно се вработени, додека една четвртина, или 24,4%, се самовработени.

Просечните примања 13 Станува збор за лични примања без разлика дали доаѓаат од плата, од родители, сопружници, социјална помош или имот. Станува збор за сума на пари која испитаникот во просек ја добива од кој било извор на месечно ниво. на испитаниците се ниски, при што 21,6% примаат помалку од 5.000 денари, 47,0% земаат помалку од 10.000 денари, а високи 67,8% имаат месечни примања помали од 15.000 денари. Само 4,7% земаат повеќе од 30.000 денари, меѓутоа 14,6% одбија да одговорат на прашањето за приходи. Очекувано, вработените имаат значајно повисоки примања од невработените и неактивните, меѓутоа и од нив, речиси една петина (23,1%) примаат помалку од 10.000 денари, а речиси половина (49,6%) помалку од 15.000 денари месечно. Меѓу неактивните и невработените, 41,1% примаат помалку од 5.000 денари, а 73,7% помалку од 10.000 денари месечно.

11 Валидни проценти, без оние кои одбиле да одговорат
12 Прашалникот од 2012 година не правеше разлика меѓу невработени и економски неактивни, само меѓу луѓе што работат и оние што не работат (без разлика дали се невработени или неактивни).
13 Станува збор за лични примања без разлика дали доаѓаат од плата, од родители, сопружници, социјална помош или имот. Станува збор за сума на пари која испитаникот во просек ја добива од кој било извор на месечно ниво.

Демографски и социоекономски карактеристики на примерокот од 2013 година

Примерокот од 2013 година го сочинуваа 1.120 испитаници, од кои 559 мажи (49,9%) и 561 (50,1%) жени на возраст од 16 до 66 години. Просечната возраст изнесува 41 година, со следнава поделба по возрасни категории: 20,4% од испитаниците се на возраст 16-26 години, 21,6% се на возраст 27-36 години, 19,9% се на возраст 37-46 години, 20,1% се на возраст 47-56 години и 18,0% се на возраст 57-66 години.

Анкетата ги вклучи сите региони од државата: најголем број од испитаниците се од Скопскиот Регион (30,3%), по што следуваат 15,1% од Пелагонискиот, 11,6% од Полошкиот Регион, 10,9% од Југозападниот, 8,4% од Североисточниот, 8,2% од Источниот, 8,0% од Југоисточниот, а во најмал број, односно 7,4%, од Вардарскиот Регион. Овие квоти се репрезентативни за генералното население на возраст од 16 до 66 години. Најголем број од испитаниците (44,5%) живеат во градовите низ републиката, по што следуваат оние кои живеат во рурални средини (33,6%), а повеќе од секој петти испитаник живее во главниот град Скопје (21,9%).

Образовната структура на испитаниците е следнава: 18 испитаници немаат завршено ниту основно образование, речиси еден од пет испитаници (17,7%) има завршено само основно образование, повеќе од половина од испитаниците имаат завршено средно образование (55,5%). Останатата петина (23,3%) од испитаниците имаат завршено високо образование (вклучително и виша стручна спрема), а 2,2% имаат завршено и постдипломски, докторски и специјалистички студии.

Етничка структура. Најголем број од испитаниците се изјаснија како етнички Македонци (74,4%), 17,8% како етнички Албанци и 7,9% со друга етничка припадност.

Статус на пазарот на труд и економска моќ. И покрај тоа што примерокот главно е сочинет од испитаници со примарна возраст на работна сила, само 47,1% од нив се изјасниле дека имаат платена работа, без разлика дали се официјално пријавени или не. Останатите 52,9% се изјасниле дека не работат, а 4 испитаници одбија да одговорат на ова прашање. Од оние што работат, најголем дел (71,2%) работат за друг, односно се вработени, додека една четвртина, или 28,8%, се самовработени (вклучувајќи и земјоделци). Од оние што не работат, 43,2% бараат работа, значи се невработени (22,8% невработени во целиот примерок), останатите 56,8% се економски неактивни (30,0% во целиот примерок). Најчеста причина за неактивност е староста, односно пензионираност (30,3% од неактивните), а сличен процент на граѓани го наведуваат образованието (29,4%) и домашната работа (28,3%), вклучително бременост и чување деца, како главна причина за својата економска неактивност. Мал дел од испитаниците (5,7%) не работат поради инвалидност или болест, 2,1% се технолошки вишок или стечајци и уште 2,1% се декларираат како демотивирани на пазарот на труд (на пр., „нема работа“, „никој нема да ме вработи мене“ и сл.). Просечните примања 14 Станува збор за лични примања без разлика дали доаѓаат од плата, од родители, сопружници, социјална помош или имот, односно за сума на пари која испитаникот/испитаничката во просек ја добива од кој било извор на месечно ниво, после данок. на испитаниците се ниски, имено 39,5% земаат помалку од 5.000 денари месечно, а високи 75,3% земаат помалку од 15.000 денари месечно. Само 3,8% од испитаниците земаат повеќе од 30.000 денари, 4,8% одбија да одговорат на прашањето за приходи. Вработените, очекувано, имаат повисоки приходи од невработените и неактивните. Од вработените само 6,5% земаат помалку од 5.000 денари, меѓутоа повеќе од половина (54,4%) примаат помалку од 15.000 денари. Мнозинството од неактивните и невработените (68,3%) примаат помалку од 5.000 денари, а 92,7% помалку од 15.000 денари месечно.

14 Станува збор за лични примања без разлика дали доаѓаат од плата, од родители, сопружници, социјална помош или имот, односно за сума на пари која испитаникот/испитаничката во просек ја добива од кој било извор на месечно ниво, после данок.

Демографски и социоекономски карактеристики на примерокот од 2014 година

Примерокот од 2014 година го сочинуваат 1.187 испитаници, од кои 599 мажи (50,5%) и 588 (49,5%) жени на возраст од 16 до 66 години. Просечната возраст изнесува 40 и пол години, со следнава поделба по возрасни категории: 21,7% од испитаниците се на возраст 16-26 години, 20,7% се на возраст 27-36 години, 19,9% се на возраст 37-46 години, 20,1% се на возраст 47-56 години и 17,7% се на возраст 57-66 години.

Анкетата ги вклучи сите региони од државата: најголем број од испитаниците се од Скопскиот Регион (29,7%), по што следуваат 15,3% од Пелагонискиот, 11,5% од Полошкиот Регион, 10,7% од Југозападниот, 8,6% од Источниот, 8,5% од Југоисточниот, 8,2% од Североисточниот, а во најмал број, односно 7,4%, од Вардарскиот Регион. Овие квоти се репрезентативни за генералното население на возраст од 16 до 66 години. Најголем број од испитаниците (43,0%) живеат во градовите низ републиката, по што следуваат оние кои живеат во рурални средини (30,5%), а повеќе од секој петти испитаник живее во главниот град Скопје (26,5%).

Образовната структура на испитаниците е следнава: 15 испитаници (1,3%) немаат завршено ниту основно образование, додека 16,7% имаат завршено само основно образование. Повеќе од половина од испитаниците имаат завршено средно образование (55%). Останатата петина (25%) од испитаниците имаат завршено високо образование (вклучително и виша стручна спрема), а 2% имаат завршено постдипломски, докторски и специјалистички студии.

Етничка структура. Најголем број од испитаниците се изјаснија како етнички Македонци (78,3%), 14,4% како етнички Албанци и 7,2% со друга етничка припадност.

Статус на пазарот на труд и економска моќ. И покрај тоа што примерокот го сочинуваат испитаници со примарна возраст на работна сила, само 47,2% од нив се изјасниле дека имаат платена работа, без разлика дали се официјално пријавени или не. Останатите 52,6% се изјасниле дека не работат, а 3 испитаници одбија да одговорат на ова прашање. Од оние што работат, најголем дел (75,3%) работат за друг, односно се вработени, додека една четвртина, или 24,7%, се самовработени (вклучувајќи и земјоделци). Од оние што не работат, 46,2% бараат работа, значи се невработени (24,3% невработени во целиот примерок), a останатите 53,6% се економски неактивни (28,1% во целиот примерок). Најчеста причина за неактивност е пензионираност (33,4% од неактивните). По неа следуваат образование (26,2%) и домашна работа (17,5%), вклучително бременост и чување деца, како главна причина за нивната економска неактивност. Мал дел од испитаниците (4,2%) не работат поради инвалидност или болест, 3,3% се технолошки вишок или стечајци и уште 4,2% се декларираат како демотивирани на пазарот на труд (на пр., „нема работа“, „никој нема да ме вработи мене“ и сл.). Просечните примања 15 Станува збор за лични примања без разлика дали доаѓаат од плата, од родители, сопружници, социјална помош или имот, односно за сума на пари која испитаникот/испитаничката во просек ја добива од кој било извор на месечно ниво, после данок. на испитаниците се ниски, имено 34,3% земаат помалку од 5.000 денари месечно, а високи 73% помалку од 15.000 денари месечно. Само 2,4% земаат повеќе од 30.000 денари, 10,2% одбија да одговорат на прашањето за приходи. Вработените, очекувано, имаат повисоки приходи од невработените и неактивните, односно само 7,9% од нив земаат помалку од 5.000 денари, меѓутоа, повеќе од половина (52,7%) примаат помалку од 15.000 денари месечно. Мнозинството од неактивните и невработените (59,9%) примаат помалку од 5.000 денари, а 92,4% помалку од 15.000 денари месечно.

15 Станува збор за лични примања без разлика дали доаѓаат од плата, од родители, сопружници, социјална помош или имот, односно за сума на пари која испитаникот/испитаничката во просек ја добива од кој било извор на месечно ниво, после данок.

Демографски и социоекономски карактеристики на примерокот од 2015 година

Примерокот од 2015 година се состои од 1215 испитаници од кои 613 (50.5%) жени и 602 (49.5%) мажи на возраст од 16 до 66 години. Просечната возраст изнесува 41 години, а поделени по возрасни категории, 21.7% од испитаниците се на возраст 16-26 години, 22% се на возраст 27-36 години, 19.6% се на возраст 37-46 години, 19.9% се на возраст 47-56 години, и 16.8% се на возраст 57-66 години.

Анкетата ги вклучи сите региони од државата: најголем број од испитаниците се од скопскиот регион 32.7%, по што следат 13.3% од полошкиот регион, 12% од пелагонискиот, 10.2% од југозападниот, 8.4% од југоисточниот, 8.3% од североисточниот, 7.7% од вардарскиот, а во најмал број, односно 7.3% од источниот регион. Овие квоти се приближно репрезентативни за генералната популација од 16 до 66 години. Испитаниците во најголем број 44.6% живеат во поголеми градови, по што следат оние кои живеат во руралните средини 30.3%, а секој петти испитаник живее во главниот град Скопје 25.1%.

Образовната структура на испитаниците е следна: 16 испитаници (1.3%) немаат завршено ниту основно образование, а 13.2% имаат завршено само основно образование. Повеќе од половина од испитаниците се со завршено средно образование 53.7%. Останатите 31.8% од испитаниците имаат завршено најмалку високо образование, од кои 4% имаат завршено постдипломски, докторски и специјалистички студии.

Етничка структура. Најголем број од испитаниците се изјаснија како етнички Македонци 75.2%, 15.6% како етнички Албанци, и 9.1% со друга етничка припадност. Само 4 испитаника не ја искажаа својата етничка припадност.

Статус на пазарот на труд и економска моќ. И покрај тоа што примерокот е на примарна возраст за работната сила само 52.9% од испитаниците се изјасниле дека имаат платена работа, без разлика дали се официјално пријавени или не. Останатите 46.8% се изјасниле дека не работат, а 3 испитаника одбија да одговорат на ова прашање. Од оние што работат, најголем дел 75.7% работат за друг, односно се вработени, додека една четвртина, или 24.3% се самовработени. Во 2015 година 40.5% земаат под 10.000 денари, а високи 58.1% под 15.000 денари месечно.

Демографски и социоекономски карактеристики на примерокот од 2016 година

Примерокот од 2016 година го сочинуваат 1.236 испитаници, од кои 613 мажи (49,6%) и 623 (50,4%) жени на возраст од 16 до 66 години. Просечната возраст изнесува 42 години, со следнава поделба по возрасни категории: 19,6% од испитаниците се на возраст 16-26 години, 20,1% се на возраст 27-36 години, 19,6% се на возраст 37-46 години, 21,4% се на возраст 47-56 години и 19,3 % се на возраст 57-66 години.

Анкетата ги вклучи сите региони од државата: најголем број од испитаниците се од Скопскиот Регион (30,5%), по што следуваат 11,2% од Пелагонискиот, 15,1% од Полошкиот Регион, 10,5% од Југозападниот, 8,3% од Источниот, 8,3% од Југоисточниот, 8,1 % од Североисточниот, а во најмал број, односно 8,0 %, од Вардарскиот Регион. Овие квоти се репрезентативни за генералното население на возраст од 16 до 66 години.

Најголем број од испитаниците (41,3%) живеат во градовите низ републиката, по што следуваат оние кои живеат во рурални средини (32,7%), а а четири од десет живеат во главниот град Скопје (26%).

Образовната структура на испитаниците е следнава: 15 испитаници (0,6 %) немаат завршено ниту основно образование, додека 14,6% имаат завршено само основно образование. Повеќе од половина од испитаниците имаат завршено средно образование (52,3%). Останатиот дел (28,6%) од испитаниците имаат завршено високо образование (вклучително и виша стручна спрема), а 4,0% имаат завршено постдипломски, докторски и специјалистички студии.

Етничка структура. Најголем број од испитаниците се изјаснија како етнички Македонци (77,5%), 15,1% како етнички Албанци и 7,4% со друга етничка припадност.

Статус на пазарот на труд и економска моќ. И покрај тоа што примерокот го сочинуваат испитаници со примарна возраст на работна сила, 56,3 % од нив се изјасниле дека имаат платена работа, без разлика дали се официјално пријавени или не. Останатите 43,6% се изјасниле дека не работат, а 2 испитаници одбија да одговорат на ова прашање. Од оние што работат, најголем дел (72,8%) работат за друг, односно се вработени, додека една четвртина, или 27,2%, се самовработени (вклучувајќи и земјоделци). Од оние што не работат, 38,8% бараат работа, значи се невработени (16,9 % во целиот примерок), a останатите 61,2% се економски неактивни (26,7% во целиот примерок). Најчеста причина за неактивност е пензионираност (43% од неактивните). По неа следуваат образование (29%) и домашна работа (11,2%), вклучително бременост и чување деца, како главна причина за нивната економска неактивност. Мал дел од испитаниците (4,7%) не работат поради инвалидност или болест, 3,4% се технолошки вишок или стечајци и уште 2,5% се декларираат како демотивирани на пазарот на труд (на пр., „нема работа“, „никој нема да ме вработи мене“ и сл.).

Просечните примања 16Станува збор за лични примања без разлика дали доаѓаат од плата, од родители, сопружници, социјална помош или имот, односно за сума на пари која испитаникот/испитаничката во просек ја добива од кој било извор на месечно ниво, после данок. на испитаниците се ниски, имено 22,6% земаат помалку од 5.000 денари месечно, а високи 65,8% помалку од 15.000 денари месечно. Само 4,6% земаат повеќе од 30.000 денари, 15,2% одбија да одговорат на прашањето за приходи. Вработените, очекувано, имаат повисоки приходи од невработените и неактивните, односно само 7,1% од нив земаат помалку од 5.000 денари, меѓутоа околу половина (49,5%) примаат помалку од 15.000 денари месечно. Мнозинството од неактивните и невработените (42,2%) примаат помалку од 5.000 денари, а 86,6% помалку од 15.000 денари месечно.

16 Станува збор за лични примања без разлика дали доаѓаат од плата, од родители, сопружници, социјална помош или имот, односно за сума на пари која испитаникот/испитаничката во просек ја добива од кој било извор на месечно ниво, после данок.

РЕЗУЛТАТИ

ГРАЃАНИТЕ И НИВНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: ОДНОС КОН СОСЕДИТЕ, ПРИПАДНОСТА, ЗАДОВОЛСТВОТО ОД МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ

ДОВЕРБА ВО СОСЕДИТЕ | ЦИНИЗАМ

Постојната научна литература на темата граѓанско учество укажува на тоа дека чувството на припадност на заедницата, без разлика на тоа дали е на локално или на национално ниво, игра голема улога во одлуката на граѓаните активно да учествуваат во подобрување на заедниците во кои живеат. Така, овој дел од анализата има цел да го испита чувството на припадност на испитаниците по неколку различни основи, вклучително на тоа дали се задоволни од непосредната околина во која живеат, колку се чувствуваат како дел од своите заедници и дали имаат доверба во своите соседи и сограѓани.

Првата серија прашања за кои известуваме се однесува на перцепциите на испитаниците за луѓето со кои ги делат заедниците, поконкретно дали постои солидарност и доверба меѓу граѓаните на локално ниво. За таа цел, поставивме две прашања.

Со првото прашање од испитаниците оценуваа дали, односно колку се солидарни нивните соседи и колку често си помагаат, преку користење четири степени скала со опсег од „никогаш не си помагаат“ до „цело време си помагаат“.

На второто прашање од испитаниците побаравме да размислат за довербата што ја имаат во своите соседи и да одговорат дали можат да им веруваат на своите соседи или, пак, очекуваат дека тие би ги искористиле (злоупотребиле) за лична корист кога за тоа би имале шанса.

Како одговор на прашањето испитаниците требаше да изберат една од две екстремни изјави:

  • „на повеќето од вашите соседи може да им се верува“ или
  • „доколку би имале можност, повеќето од нив би ве искористиле

Како што може да се забележи од податоците приложени во табела 1 и претставени на графиконот 1 , најголем дел од граѓаните (на возраст од 16 до 66 години) или речиси половината од нив процениле дека соседите ретко си помагаат. Сепак, во просек, 44,4 % од граѓаните во периодот од 2012 до 2016 година се убедени дека нивните сограѓани се солидарни, т.е. дека често или цело време си помагаат. Просечната проценка за солидарноста на соседите е највисока во 2012 година, а во 2013 значително опаѓа, но во периодот од 2013 до 2016 година не се менува значително.

Врз основа на наодите од социодемографските анализи, најистакнати се разликите меѓу двете етнички групи . Во периодот од 2012 до 2015 година, споредено со етничките Македонци, етничките Албанци ги проценуваат своите соседи како посолидарни и, иако разликата не варира значително во различните години на испитување, , сепак, може да се увиди дека е најмала во 2016, а најголема во 2015 година, кога 63,44% од Албанците рекле дека нивните соседи цело време или често си помагаат споредено со 37,34% од Македонците.

Иако се помалку нагласени од етничките разлики, доследно низ годините, се јавуваат разлики и меѓу возрасните групи,младите во просек даваат повисоки оцени за солидарноста на соседите и разликата (иако, исто така, не се менува значително низ годините) е најголема во 2016 година, кога 54,21% од младите наспроти 41,76% од старите рекле дека нивните соседи често или секогаш си помагаат.

Како што може да се забележи од податоците во табела2 поочигледна поделеност во ставовите за беневолентноста на сограѓаните се увидува во одговорите на прашањето за тоа дали може да им се верува на своите соседи. Околу половина од граѓаните во периодот од 2012 до 2016 година сметаат дека соседите би ги искористиле, а речиси исто толку се убедени дека на соседите може да им се верува.

Иако само во 2012 година е поголем процентот на испитаници кои имаат доверба во своите соседи, постои стабилност низ годините, и пропорцијата на оние кои им веруваат на своите сограѓани значајно не се променува во периодот од 2012 до 2016 година.

И во однос на довербата во соседите, најдоследни низ годините се разликите според етничката припадност и образецот на односи е конзистентен со наодите за етнички разлики во процените за за солидарноста на соседите. Во 2012 година 73,85% од етничките Албанци рекле дека им веруваат на соседите, наспроти 46,76% од Македонците. Сепак, пожелно е да се нагласи дека и меѓу Албанците довербата во соседите опаѓа и може да се забележи дека наспроти 73,85% во 2012 година, веќе во 2013 година само 60% рекле дека им веруваат на соседите.

Во 2013 и 2016 година се евидентирани помали, но значителни разлики според нивото на образование и може да се заклучи дека веројатноста да им веруваат на соседите е поголема кај лицата со високо образование, споредено со тие со средно образование. За илустрација, во 2016 година 57,59% од оние со високо образование рекле дека им веруваат на соседите, додека кај лицата со средно образование им веруваат 45,14%. Во 2015 година се јавуваат значителни разлики и според регионот, и од одговорите произлегува дека поверојатно е да им веруваат на соседите жителите на Полошкиот и Скопскиот регион, споредено со жителите на источниот и југоисточниот регион. Најпосле, во 2016 година се јавуваат разлики и меѓу родовите групи – довербата во соседите е почеста меѓу мажите, од кои 54,20% им веруваат на соседите (наспроти 43,65% од жените).

Конструкција на агрегираниот показател „ беневолентност на соседите“

Екстрахираната компонента „беневолентност на соседите“ објаснува 70,26 % од варијансата во одговорите на прашањата за солидарноста на соседите и можноста за доверба во нив. Интерната конзистентност според Cronbach’s α = .53, иако е помала од конвенционалната вредност за задоволителна релијабилност, сепак, е солидна, со оглед на тоа што е пресметана само на два ајтеми. Корелацијата меѓу двете варијабли изнесува r = .42 и, според величината, е блиску до умерена.

Агрегираниот показател за „беневолентност на соседите“ е конструиран на следниов начин: два негативни одговора (соседите би ме искористиле и соседите ретко или никогаш не си помагаат) беа кодирани со -1; еден позитивен и еден негативен одговор носеше оценка од 0 за испитаникот/испитаничката, додека два позитивни одговора (на соседите може да им се верува и тие често или постојано си помагаат) носеше оценка од 1.

ЧУВСТВО НА ПРИПАДНОСТ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Чувството на припадност на заедницата се смета за еден од главните предвесници на граѓанско учество и активизам, бидејќи само граѓаните што се чувствуваат како дел од своите заедници (и од непосредните и од пошироките заедници) ќе се стремат да ги подобрат сопствените заедници. Чувството на припадност, исто така, се смета дека е во тесна релација со довербата во соседите, бидејќи добрите меѓусоседски односи и соживотот во заедниците се составен дел од чувството на припадност и задоволството од заедницата.

Чувството на припадност на заедниците го меревме со три директни прашања: колку се чувствуваат испитаниците како дел, односно колку му припаѓаат на непосредното маало (населба) во кое живеат, колку се чувствуваат како дел од сопственото село или град како поширока заедница и, на крајот, колку се чувствуваат како дел, односно дека ѝ припаѓаат на Македонија. Бидејќи во 2012 година не постоеше голема разлика меѓу чувството на припадност во непосредното маало (населба) и чувството на припадност во градот или во селото на испитаниците, во 2013 година прашањето за припадност на непосредната средина не беше поставувано, но повторно беше поставено во 2014, 2015 и 2016 година. Податоците за одговорите на трите прашања се прикажани во табелите 3, 4, 5 и на графиконите 3, 4 ,5 .

Најголем дел од граѓаните или, во просек, 59,05% во периодот од 2012 до 2016 година известуваат дека чувствуваат голема припадност на населбата во која живеат. Просечната проценка за припадност на маалото е највисока во 2012 година и значително опаѓа во 2014 година, а потоа, во периодот од 2014 до 2016 година, не се менува значително.

Социодемографската заднина на граѓаните не се врзува со нагласени разлики во чувството на припадност на маалото/населбата, но може да се согледа интересен тренд на зголемување на степенот на идентификување со непосредната заедница кај лицата со високо образование. Во 2012 и 2014 година, оваа категорија на граѓани, во просек, чувствува најниска припадност на своите маала / населби, но во 2015 година припадноста кај нив расте, а во 2016 година, лицата со високо образование, според просечните оценки, чувствуваат поголема припадност на своите маала/ населби од граѓаните со ниско образование. Во 2014 година, 48,91% од оние со високо образование рекле дека многу му припаѓаат на маалото/населбата, a во 2016 година, 58,03% од нив чувствуваат највисока припадност на маалото/населбата.

И во однос прашањето кое се однесува на идентификацијата со своите градови или села најголем дел или повеќе од половина од учесниците во периодот од 2012 до 2016 година се изјасниле дека чувствуваат силна припадност на својот град или село. Просечната проценка за припадност на градот или селото значајно не се менува во периодот од 2012 до 2016 година, но слично како и за припадноста на маалото/населбата, во 2014 година процентот на испитаници кои одговориле дека чуствуваат силна припадност е споредбено најниски од периодот 2012 до 2016 година.

И во однос на чувството на припадност на своите градови/ села, помеѓу граѓаните со различна социодемографска заднина не е евидентиран константен образец што би издвоил одредена категорија граѓани што доследно, во периодот од 2012 до 2016 година, помалку се идентификува со својата локална заедница, но интересно е да се спомене нагласениот пад во припадноста од 2012 до 2013 година помеѓу жителите на Скопје и на Вардарскиот регион. Во 2012 година, 92,99% од жителите на Скопје рекле дека многу или делумно му припаѓаат на својот град, додека во наредната, 2013 година, 83,26% избрале некој од овие два степена на припадност. Уште подрастичен е падот меѓу жителите на Вардарскиот регион, од кои во 2012 година 94,38% изразиле висока или делумна припадност на своите локални заедници, а во 2013 година овој процент паѓа на 76, 25%.

Најголем дел од граѓаните или, во просек, двајца од тројца во периодот од 2012 до 2016 година чувствуваат силна припадност на Македонија. Сепак, во периодот од 2012 до 2016 година кај просечните проценки може да се констатира значителен линеарен тренд на опаѓање Највисока е просечната оцена во 2012 година, и таа значително опаѓа во 2013 година, но според наодите од повеќекратните споредби, во периодот од 2013 до 2016 година не се менува значително.

Во однос на чувството на припадност на Македонија, најголеми се разликите според етничката припадност. Доследно на тоа, во сите испитувани години, етничките Албанци, во просек, чувствуваат помала припадност на Македонија од етничките Македонци. Разликата во просечните процени не се менува значително, но може да се согледа дека е најголема во 2014 година, кога 73,13% од етничките Македонци рекле дека многу ѝ припаѓаат на Македонија, наспроти 40,72% од етничките Албанци. Сепак, и кај двете етнички заедници може да се констатира опаѓање во чувство на припадност. Во 2012 година осум од десет (80,82%) етнички Македонци рекле дека многу ѝ припаѓаат на Македонија, а во 2016 година највисока припадност на својата земја изразиле само две третини (68,76%). Падот е уште подрастичен кај етничките Албанци. Во 2012 половината од нив (55,45%) изразиле највисока припадност, но во 2016 година само 37,91% од нив дале ваков одговор Во периодот од 2014 до 2016 година, во однос на националниот идентитет, се јавуваат и разлики меѓу возрасните групи и, според наодите, во 2016 година, наспроти 70,44% од граѓаните постари од 29 години, само 43,23% од нивните помлади сограѓани рекле дека многу ѝ припаѓаат на Македонија.

Во 2014 и 2016 година се евидентирани значителни разлики во припадноста на својата земја помеѓу учесниците од различни региони и, доследно на тоа, најниска припадност според просечните оцени чувствуваат жителите на североисточниот регион, додека просечните проценки се релативно повисоки кај жителите од југозападниот и Вардарскиот регион, иако треба да се нагласи дека просечната процена на жители- те од југозападниот регион е постабилна низ испитуваните години.

Заклучно, може да се констатира дека идентификувањето со своите заедници, без оглед на тоа дали станува збор на микро- или макрониво, е најголемо во 2012 година и е видлив тренд на опаѓање во процентот на испитаници што чувствуваат висока поврзаност со местото на живеење. Кај повеќето категории граѓани, националниот идентитет е поистакнат од локалниот, иако разликите во истакнатоста се намалуваат во 2015 и во 2016 година. Сепак, треба да се потенцира дека кај етничките Албанци процентот на граѓани што чувствуваат висока припадност на земјата е помал од процентот на граѓани што чувствуваат висока припадност на маалото, доследно во сите години на испитување (види го графиконот 6).

Конструкција на индикаторот „ припадност на задницата“

Екстрахираната компонента „припадност на заедницата“ објаснува 58,73% од варијансата во одговорите на прашањата за припадност на маалото/населбата, градот/селото и Македонија. Интерната конзистентност според Cronbach’s α = .64 е помала од конвенционалната вредност за задоволителна релијабилност. Коефициентите на корелација меѓу трите варијабли варираат во опсегот од r = .26 - .47, највисока е корелацијата меѓу припадност на градот/селото и припадноста на маалото/населбата, а најниска меѓу припадноста на маалото/населбата и припадноста на Македонија.

Агрегираниот показател за „припадност на заедницата “ е конструиран како средна вредност од трите мерени варијабли за припадност (на маалото/населбата, гредот/селот и Македонија).

ЗАДОВОЛСТВО ОД МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ И РАБОТАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ

ЗАДОВОЛСТВО ОД МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ

Довербата во соседите и чувството на припадност на заедниците се концепти тесно поврзани со задоволството на граѓаните од нивните места на живеење. Во 2012 година целосен акцент беше ставен на задоволството од локалната заедница (непосредно место на живеење, маало, град, село, општина), но во 2013 и 2014 година беа додадени две прашања за задоволството од Македонија. Прашањата за задоволство од заедниците беа следниве:

  • Колку сте задоволни, односно незадоволни од нивното маало како место на живеење (не е поставено во 2013 година)?
  • Колку сте задоволни, односно незадоволни, од нивниот град или село како место на живеење?
  • Колку сте задоволни, односно незадоволни, од Македонија како место на живеење (не е поставено во 2012 година)?

Податоците за одговорите на трите прашања се прикажани во табелите 6, 7, 8 и на графиконите 7, 8, 9. Најголем дел од граѓаните или, во просек, четворица од десет се изјасниле дека се делумно задоволни од своите маала или населби, додека повеќе од третина во периодот од 2012 до 2016 година рекле дека се многу задоволни.

Просечната процена за задоволството од непосредната заедница опаѓа значително од 2012 во 2014 година, и потоа не се менува значително, иако варијациите во просечните проценки можат да се опишат преку значителен квадратен тренд, што значи дека задоволството опаѓа од 2012 во 2014 година, но повторно се зголемува до 2016 година.

Во однос на задоволството од непосредната локална заедница помеѓу различните социо-демографски категории, евидентирани се разлики само во 2014 и 2015 година. Во 2014 година задоволството од маалото/населбата кај граѓаните со пониски приходи опаѓа (споредено со 2012 година) и се евидентираат значителни разлики меѓу учесниците со приходи од 5 до 10 илјади денари, од кои 68,91% рекле дека се (делумно или многу) задоволни, и испитаниците со приходи од 10 до 20 илјади денари, од кои 84,15% (просек од двете категории) рекле дека се делумно или многу задоволни. Во 2015 година, почесто задоволни од своите маала/населби се мажите, од кои 80,63%, наспроти 73,65% од жените, рекле дека се задоволни (делумно или многу) од маалото/населбата каде што живеат.

Слично како и во однос на евалуациите на непосредното маало/населба, најголем дел од граѓаните во периодот од 2012 до 2016 година рекле дека се делумно задоволни од својот град или од своето село. Просечната проценка за локалната заедница е највисока во 2012, а значително опаѓа во 2013 година, кога е и најниска, но не се разликува значително од проценките во периодот од 2014 до 2016 година.

На податоците од 2012 и 2013 година може да се констатираат разлики во задоволството од свои- те градови или села меѓу испитаниците од различни региони. Во 2012 година жителите на Пелагонискиот регион се најзадоволни, додека најмалку задоволни се жителите на североисточ- ниот регион. Во 2013 година задоволството кај жителите од Пелагонискиот регион опаѓа и тие се вбројуваат меѓу најнезадоволните граѓани од својот град или село заедно со жителите на североисточниот и Скопскиот регион, додека најзадоволни се жителите на југозападниот регион. Во 2013 година се евидентирани и значителни разлики во задоволството од местото на живеење помеѓу категориите граѓани со најниски и највисоки приходи; очекувано, лицата со приходи помали од 5. 000 денари се помалку задоволни од своите градови и села од оние со приходи повисоки од 20. 000 денари. Предзнакот на разликата е доследен во сите испитувани години; граѓаните со најниски приходи се најнезадоволни, но разликата достигнува значителност само во 2013, година кога 85,61% од граѓаните со приходи повисоки од 20. 000 денари се делумно или многу задоволни од своите градови, наспроти 68,17 % од граѓаните со приходи пониски од 5.000 денари. Најпосле, во 2014 година се јавуваат разлики во задоволството од градот/селото според нивото на образование, и може да се заклучи дека лицата со средно образование се најзадоволни од своите градови – 79,38% од нив рекле дека се делумно или многу задоволни, наспроти 70,81% од оние со ниско образование, но ваквата разлика не е стабилна низ годините.

Иако граѓаните најмногу се идентификуваат со својата земја, процентот на граѓани што се многу задоволни од Македонија е помал од процентот на граѓани што се многу задоволни од своите градови и села и непосредните маала и населби во сите испитувани години. Најголем дел од граѓаните или четири од десет се делумно задоволни од Македонија, и просечната оцена не се менува значително низ годините во периодот од 2013 до 2016.

Доследно во сите испитувани години, етничките Македонци се позадоволни од Македонија отколку етничките Албанци. Апсолутната разлика е најголема во 2016 година, кога седум од десет етнички Македонци (70,45%) се изјасниле како задоволни од својата земја (многу или делумно), наспроти само четири од десет (40,64) етнички Албанци. Интересно е да се напомене дека разликата меѓу двата етникуми е најмала претходната година (2015), кога кај етнички- те Албанци се зголемува процентот на задоволни (од 45,24% во 2014 на 58,70 % во 2015 година).

Во 2015 и 2016 година се јавуваат значителни разлики во задоволството од својата земја и помеѓу младите и старите и во двете години старите се позадоволни од младите, иако кај двете возрасни групи задоволството во 2016 година опаѓа. Во 2015 година 72,13 % од старите се задоволни од својата земја, но во 2016 година процентот на задоволни (делумно или многу) опаѓа на 68,80%, додека кај младите падот е од 59,64% во 2015 на 54,69% во 2016 година.

Конструкција на индикаторот „задоволство од местото на живеење“

Екстрахираната компонента „задоволство од местото на живеење“ објаснува 61,29 % од варијан- сата во одговорите на прашањата за задоволство од маалото/населбата, градот/селото и Македонија. Интерната конзистентност според Cronbach’s α = .68, иако е помала од конвенционалната вредност за задоволителна релијабилност, е солидна, со оглед на тоа што е пресметана само на три единици. Коефициентите на корелација меѓу трите варијабли варираат во опсегот од r = .28 - .50, и највисока е корелацијата меѓу задоволството од градот/селото и задоволството од маалото/населбата, а најниска меѓу задоволството од маалото/населбата и задоволството на Маке- донија.

Агрегираниот показател за „задоволството од заедницата “ е конструиран како средна вредност од трите мерени варијабли за задоволство (од маалото/населбата, градот/селото и Македонија).

ЗАДОВОЛСТВО ОД РАБОТАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ И ОЦЕНА НА ПРОМЕНИТЕ ВО ЗАЕДНИЦИТЕ

Освен воопштени проценки за непосредните заедници, од граѓаните сакавме да дознаеме и поконкретно колку се задоволни од работата на локалните власти, но и како ги вреднуваат промените во своите заедници. Од испитаниците се бараше да одговорат:

  • Колку се задоволни, односно незадоволни, од начинот на кој ги водат локалните власти работите?
  • Дали сметаат дека во последната година 17 Во 2012 година, „во последните 2 години“ градот/селото е подобро или полошо место за живеење или, пак, сметаат дека не се сменило многу?
  • Дали сметаат дека во последната година Македонија е подобро или полошо место за живеење или, пак, сметаат дека не се сменило многу (не е поставено во 2012 година)?
  • Каде се гледаат себеси по пет години, во местото во кое живеат, преселени во рурална средина во државата, преселени во друг град во државата, преселени во Скопје или преселени во странство (не е поставено во 2012 година)?

Податоците за одговорите на четирите прашања се прикажани во табелите 9, 10, 11 и на графиконите 10, 11, 12. Иако постои значителна позитивна поврзаност меѓу задоволството од местото на живеење и задоволството од работата на локалните власти, т.е. оние што се позадоволни од местата на живеење е поверојатно да се задоволни и од работата на општината, сепак, задоволството на граѓаните од работата на локалните власти е драстично помало од задоволството со местата на живеење. Во 2012 година, бројот на многу задоволни граѓани е помал од петтина, а во 2015 година само 11.1 % рекле дека се многу задоволни. Од друга страна, бројот на незадоволни достигнува речиси половина (46% во 2012 година и во 2013 година и 48% во 2014 година) од граѓаните на возраст од 16 до 66 години во периодот до 2014 година, а во 2015 година пораснува на нешто повеќе од половина (54.5%).

17 Во 2012 година, „во последните 2 години“

Како што може да се насети од претходно презентираните податоци, во однос на просечните процени се забележува линеарен тренд на опаѓање низ годините, иако повеќекратните споредби упатуваат дека значителен пад се случува од 2014 во 2015 година.

Жените повисоко го проценуваат работењето на локалната власт од 2012 до 2014 година, но во 2015 година разликите исчезнуваат, затоа што евалуациите за локалната самоуправа подрастично опаѓаат. За споредба, во 2012 година 57,98% од жените рекле дека се задоволни (делумно или многу) од локалната власт, а во 2015 година процентот на жени што дале некој од овие два одговора опаѓа на 45,96%. Трендот на опаѓање е, споредбено, поблаг кај мажите; во 2012 година 50,57% биле (делумно или многу) задоволни од локалната власт, во 2015 година, 45,39% дале некој од овие два одговора. Во 2014 година се евидентирани и значителни разлики според регионот, и може да се заклучи дека најнезадоволни се жителите на североисточниот регион, од кои 32,98% рекле дека се делумно или многу задоволни од локалните самоуправи. Најпосле, во 2016 година значителни се и разликите според висината на приходите и, очекувано, релацијата е позитивна. 51,81% од оние со приходи повисоки од 20 илјади денари рекле дека се делумно или многу задоволни од локалните власти, наспроти 39,23% од лицата со приходи од 5 до 10 илјади денари.

Како што беше посочено погоре, покрај директното прашање за задоволството од местото на живеење, граѓаните требаше да оценат и колку доживеало нивното место на живеење промена во последните две години (за примерокот од 2012 година), односно во последната година (за примероците од 2013 до 2016 година).

Процентот на испитаници што констатирале промена на подобро се намалува во периодот од 2012 до 2016 година и, слично како и во процените за работата на локалните власти, статистички значителен пад е утврден во 2015 година, кога значително помалку одговориле дека нивните градови се промениле на подобро, споредено со 2014 година.

Социо-демографските анализи 18 Социодемографските анализи за варијаблата која се однесува на вреднување на промените во локалната заедница се изведени со логистичка регресија и согласно со тоа во анализата се влезени само двете категории на одговор кои упатуваат на екстремни евалуации. упатуваат дека во 2012 година постојат значителни разлики меѓу старите и младите испитаници, иако најголем дел од припадниците на двете возрасни групи одговориле дека градот или селото се променил/о на подобро, веројатноста за одговорот што упатува дека градот или селото се променил(о) на подобро е поголема кај младите (79.44% млади наспроти 69,62 стари). Сепак, како и во однос на проценките за работата на локалните влaсти, пожелно е да се потенцира падот низ годините и, за споредба, во 2015 година само 48,88% од младите рекле дека градот се променил на подобро, наспроти 56,82% од старите.

Најмногу разлики во евалуациите на промените меѓу граѓаните со различна социодемографска заднина се јавуваат во 2015 и 2016 година. И во двете години, кај лицата со високо образование е најмала веројатноста да оценат промени на подобро. На пример, во 2016 година 48,43% од оние со високо образование рекле дека градот/селото се сменил(o) на подобро, наспроти 57,94% од оние со средно и 67,03% од граѓаните со основно образование.

Освен тоа, во 2015 година, веројатноста за оптимизам во перцепцијата на промените е поголема кај женските учеснички, од кои 59,86% рекле дека нивниот град се променил на подобро, наспроти 49,70% од мажите. Од споредбата по региони на податоците од 2015 година, произлегува дека жителите на jугозападниот регион се најоптимистични, а кај жителите на источниот регион е, споредбено, најмала веројатноста за одговорот според кој градот или селото се промениле на подобро. Во 2016 година се јавуваат и разлики врз основа на приходите, и може да се констатира значителен линеарен тренд – со зголемување на приходите до 20 илјади денари се зголемува и веројатноста на одговорот дека градот/селото се променил(о) на подобро. Иако во периодот по 2012 година веројатноста за констатирање промени на подобро опаѓа кај сите категории граѓани, може да се види дека меѓу оние со приходи повисоки од 20 илјади денари „ерозијата“ во процените е особено нагласена, па така, иако во 2012 година 76,86% рекле дека градот се променил на подобро, во 2015 година 49,02% од нив дале ваков одговор.

18 Станува збор за лични примања без разлика дали доаѓаат од плата, од родители, сопружници, социјална помош или имот, односно за сума на пари која испитаникот/испитаничката во просек ја добива од кој било извор на месечно ниво, после данок.

Како и за промените што се случиле во градот или во селото, процентот на испитаници што констатирале дека Македонија се променила на подобро се намалува во периодот од 2013 до 2016 година. Повторно, статистички значаен пад е утврден во 2015 година кога значајно помалку одговориле дека Македонија се променила на подобро споредено со 2014 година.

Во однос на перцепциите за промените во Македонија, во 2014, 2015 и 2016 година може да се констатираат разлики 19 Социодемографските анализи за варијаблата која се однесува на вреднување на промените во Македонија се изведени со логистичка регресија и согласно со тоа во анализата се влезени само двете категории на одговор кои упатуваат на екстремни евалуации. според нивото на образование и, доследно во сите години, веројатноста за избирање на одговорот дека Македонија се променила на подобро е најниска кај лицата со високо образование. Во 2015 година само 35,59% од лицата со високо образование рекле дека Македонија се променила на подобро претходната година, наспроти 62% од граѓаните со основно и 56,62% од граѓаните со средно образование.

Исто така, веројатноста за избирање на овој одговор е поголема и кај етничките Македонци споредено со етничките Албанци и интересно е да се нагласи дека разликата е најмала (и статистички незначајна) во 2015 година (39,62% Албанци наспроти 52,97% Македонци), а најголема следната, 2016 година, кога половина од Македонците (52,13%) рекле дека претходната година Македонија се променила на подобро, наспроти само петтина од Албанците (19,20 %). Во 2015 година (слично како и во однос на промените во градот/селото) веројатноста за оптимистичен одговор е поголема кај старите, од кои 54,54% рекле дека Македонија се променила на подобро наспроти 39,38% од младите. Во 2015 година се евидентирани и значителни разлики меѓу жителите на помалите градови и жителите на селата и, најпосле, во 2015 година има и значителни разлики врз основа на месечните приходи – доследно на наодите за разликите во вреднувањето на промените на локално ниво, веројатноста за оцена на промени на подобро во Македонија се зголемува со зголемување на приходите до 20.000 денари. Оптимизмот дека Македонија се променила на подобро претходната година е поверојатен меѓу жените во сите години на испитување но разликата меѓу родовите групи станува статистички значителна само во 2016 година, кога 53,56% од жените рекле дека Македонија измината година се подобрила наспроти 39,10% од мажите.

19 Социодемографските анализи за варијаблата која се однесува на вреднување на промените во Македонија се изведени со логистичка регресија и согласно со тоа во анализата се влезени само двете категории на одговор кои упатуваат на екстремни евалуации.

Заклучно, може да се констатира дека процентот на граѓани кои сметаат дека нивните места за живеење се подобруваат опаѓа и статистички значаен пад е евидентиран во 2015 година, кога значајно помалку граѓани, споредно со 2014 година процениле промена на подобро.

Конструкција на индикаторот „вреднување на промените во местото на живеење“

Екстрахираната компонента „вреднување на промените во местото на живеење“ објаснува 86,75% од варијансата во одговорите на прашањата за градот/селото и Македонија. Интерната кон- зистентност според Cronbach’s α = .85 и ја задоволува конвенционалната вредност за посакува- на. Коефициентот на корелација меѓу варијабли r = .74, според величината спаѓа во голем ефект.

Агрегираниот показател за „перцепција за промени “ е конструиран на следниот начин: два негативни одговора (констатирање на промени на полошо и во градот/селото и во Македонија) беа кодирани со -1; еден позитивен и еден негативен одговор носеше оценка од 0 за испитаникот/ испитаничката; додека два позитивни одговора (констатирање на промени на подобро и во градот/селото и во Македонија) носеше оценка од 1.

ТЕНДЕНЦИЈА ЗА МИГРАЦИЈА ВОН МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ

Во 2013 година, во студијата вклучивме уште еден индикатор за задоволството од заедницата во која живеат, и тоа во однос на желбата за миграција од местото на живеење. Испитаниците беа прашани каде се гледаат себеси за пет години, односно дали мислат дека ќе останат во своите места на живеење или ќе бидат преселени. Со тоа, индиректно се добива слика на оние граѓани кои сакаат да го променат своето место на живеење и веруваат дека ќе успеат во тоа. Резултатите се прикажани во табелата 12 и на графикон 13.

Иако во сите години на испитување, во просек двајца од тројца граѓани рекле дека планираат да останат таму каде што живеат, веројатноста за одговорот кој изразува намера за миграција во странство линеарно расте во периодот од 2013 до 2016 година. Во 2013 година секој петти рекол дека планира да се пресели, но во 2015 и 2016 година повеќе од четвртина од граѓаните планираат да ја напуштаат Македонија.

Социодемографските анализи упатуваат дека во однос на намерите за миграција, доследно низ годините се јавуваат разлики меѓу граѓаните помлади и постари од 29 години. Веројатноста за избирање на одговорот што изразува намера за преселување во странство во наредните 5 години е поголем кај младите, и споредено со 2014 година, разликите значително се зголемуваат во 2015 и 2016 година затоа што веројатноста за ваквиот одговор расте меѓу младите.

Алармантно е тоа што во 2016 година дури 51,9 % од младите рекле дека во наредните пет години се гледаат надвор од својата земја, наспроти 18,06% од старите.

Дополнително во 2015 и 2016 година се јавуваат и значителни разлики според месечните приходи. Веројатноста за миграција во странство е најголема меѓу лицата со приходи помали од пет илјади денари и во периодот од 2013 до 2016 година кај оваа категорија на граѓани може да се увиди тренд пораст на процентот на оние кои сакаат да си заминат од својата земја. Во 2016 година 43,50% од граѓаните со најниски приимања рекле дека се гледаат надвор од Македонија, споредено со 18,01% од оние со приходи од 15 до 20 илјади денари.

СТАВОВИ ЗА ГРАЃАНСКОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ ВО ЗАЕДНИЦИТЕ: ДОВЕРБАТА ВО МОЖНОСТА ДА СЕ ВЛИЈАЕ, ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЖНОСТА ДА СЕ ВЛИЈАЕ И ЛИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ

Еден од најважните фактори што влијаат врз реализацијата на кое било човечко однесување се ставовите (Ajzen, 1988, 1991). Логично, тоа се однесува на сите категории на граѓанско учество, па така и на граѓанскиот активизам и волонтерството. Граѓаните прво мора да веруваат дека нивната акција ќе донесе резултат, односно дека таа ќе биде полезна, за тие воопшто да се нафатат да ја преземат. Доколку граѓаните не веруваат дека можат да влијаат врз донесувањето одлуки во нивната општина, голема е веројатноста дека тие нема ниту да се обидат во тоа (дури и да сакаат да влијаат). Граѓаните не само што треба да веруваат дека нивната акција ќе донесе посакуван резултат туку тие, исто така, треба и да сакаат да дејствуваат. Граѓанскиот активизам и одговорност треба да се од значење за нив.

За таа цел, испитувани се уверувањата на граѓаните на Македонија во однос на довербата во сопствената моќ на дејствување, личната одговорност за дејствување, како и значењето, односно важноста на можноста.

ДОВЕРБА ВО МОЖНОСТА ДА СЕ ВЛИЈАЕ

Довербата во можноста да се влијае ја меревме со две прашања, едно прашање се однесуваше на политичката ефикасност на локално ниво, а другото на национално ниво. Податоците за одговорите на двете прашања се прикажани во табелите 13, 14, и на графиконите 15 и 16.

Од податоците во табела 13 може да се заклучи дека во периодот од 2012 до 2016 година повеќе од половина од граѓаните на возраст од 16 до 66 години се уверени дека воопшто не можат да влијаат врз одлуките на општината. Во просек, само 4.5% од Македонците сметаат дека многу можат да влијаат врз одлуките што се донесуваат во нивните општини, што значи дека само 68.175 од 1.465.670 граѓани би се чувствувале сигурно дека доколку преземат некоја акција или иницијатива во нивните општини, таа не би била на некој начин омаловажена или комплетно бесполезна.

Просечната проценка за можноста да се влијае е највисока во 2012 година, и значително опаѓа во 2013 година, кога е и најниска од периодот 2012-2016.

Од социодемографските споредби во 2012 и 2014 година се евидентирани разлики според етничката припадност и доследно во двете години просечната проценка за својата политичка ефикасност на локално ниво е повисока меѓу етничките Албанци, иако пожелно е да се нагласи дека речиси половината од нив (45,87% во 2012 и 48,43% во 2013) како и повеќето етнички Македонци (54,76% во 2012 и 58,44 во 2014) сметаат дека воопшто не можат да влијаат врз локалните одлуки. Во 2013 и 2015 година разликите се губат затоа што просечните процени кај Албанците опаѓаат, додека просечните процени меѓу Македонците се постабилни. Во 2013 година се евидентирани разлики меѓу возрасните групи и интересно младите дале споредбено повисоки процени за можноста за влијание врз одлуките на општината, иако повторно најголем дел од двете возрасни категории сметаат дека воопшто не можат да влијаат (54,12% млади наспроти 61,71% стари).

Во 2013, 2014 и 2016 година се евидентирани значајни разлики според висината на приходите и веројатноста високо да ја проценат сопствената делотворност во локалните процеси на одлучување е доследно најголема меѓу лицата со приходи поголеми од 20 илјади денари. Во 2013 година оваа категорија на граѓани според проценките за делотворност се диференцира од граѓаните со приходи од 10 до 15 илјади денари (кои најниско ја процениле сопствената влијателност), додека во 2016 година, граѓаните со највисоки примања повисоко ја процениле сопствената моќ за влијание од категориите на граѓани со приходи пониски од 10 илјади денари. Како што е напомнето, значителни разлики врз основа на приходите се евидентирани и во 2014 година кога повторно лицата со највисоки приходи се најуверени во својата моќ за влијание, меѓутоа интересно е да прокоментира и зголемувањето на процентот на граѓани кои сметаат дека можат да влијаат во категоријата со приходи од 15-20 илјади денари. Во 2014 година речиси третина од нив (32,54%) сметаат дека можат да влијаат (делумно или многу) на локалните одлуки иако во претходната и наредната година околу од петтина дале некој од овие два одговори (21% во 2013 и 21,68% во 2015 година).

Во 2015 година дополнително се јавуваат и разлики според местото на живеење и според наодите жителите на селата повисоко ја процениле сопствената можност за влијание врз одлуките во општината од жителите на градовите. Најпосле, во 2016 година се евидентирани и значајни разлики според регион и веројатноста повисоко да ја проценат својата политичка делотворност на локално ниво е најниска меѓу жителите на североисточниот регион кои значајно пониско ја процениле можноста за влијание во нивните општини од жителите од југоисточниот и Полошкиот регион.

Довербата во својата моќ за влијание, меѓу граѓаните е најпоразителна за одлуките што се однесуваат за нивната земја. Најголем дел од нив или, во просек од сите испитувани години, двајца од тројца (68,2%) се уверени дека воопшто не можат да влијаат врз одлуките што се донесуваат за Македонија.

Всушност, во просек во периодот од 2012 до 2016 година 83.94 % од граѓаните на возраст од 16 до 66 години сметаат дека малку можат или воопшто не можат да учествуваат во одлуките што се носат на национално ниво.Од друга страна, во просек, само 3.6% се убедени во својата моќ да интервенираат во националните одлуки. Просечната процена за можноста да се влијае врз националните одлуки значајно не се менува и може да се заклучи дека во периодот 2012-2016 година најголем дел од граѓаните се чувствуваат политички немоќни.

Униформната согласност на граѓаните за сопствената неделотворност за националните одлуки се потврдува и со наодите кои упатуваат дека само образованието од сите социодемографски варијабли се јавува како значаен показател, и тоа само во 2012 и 2013 година. И во двете години граѓаните со ниско образование се поуверени во својата политичка моќ од граѓаните со повисоко образование.

На пример, во 2012 година 22,39% од лицата со ниско образование рекле дека можат да влијаат (многу или донекаде) врз националните одлуки, наспроти 13,55% од оние со високо и 16,20% од оние со средно образование

Разликите губат на статистичка значајност во периодот од 2014 до 2016 година, затоа што просечната проценка кај граѓаните со повисоко образование благо се зголемува, додека кај оние со ниско образование не се менува.

Заклучно, најголем дел од граѓаните не веруваат во својата делотворност во процесите на одлучување без оглед на тоа дали се случуваат на локално или национално ниво. Како што беше потенцирано, наодите се попоразителни за политичката ефикасност што се рефлектира на национално ниво (види графикон 16).

Конструкција на индикаторот „доверба во сопствената моќ да се влијае“

Екстрахираната компонента „доверба во сопствената моќ да се влијае“ објаснува 75,03 % од варијансата во одговорите на прашањата на кои се проценуваше можноста за влијание на локално и национално ниво. Интерната конзистентност според Cronbach’s α = .65 иако е помала од конвенционалната вредност за задоволителна релијабилност е солидна, со оглед на тоа што е пресметана на само две единици. Коефициентот на корелација меѓу сопствената моќ за влијание на локално и национално ниво r = 0.51.

Агрегираниот показател за „доверба во сопствената моќ да се влијае“ е конструиран како средна вредност од двете мерени варијабли за доверба во сопствената моќ да се влијае на локално и национално ниво.

ПОДОБРУВАЊЕТО НА ОПШТЕСТВОТО КАКО ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ, ВАЖНОСТА НА МОЖНОСТА ЗА ВЛИЈАНИЕ И ПОГОЛЕМА ВКЛУЧЕНОСТ

За жал, видовме дека најголемиот дел од граѓаните во периодот од 2012 до 2016 година, мислат дека не можат да дејствуваат во своите заедници. Меѓутоа, дали тие сакаат да бидат повклучени, дали сметаат дека треба (имаат лична одговорност) да бидат повклучени и колку им е важно да можат да бидат повклучени во одлуките кои се носат во нивните заедници?

За да ги утврдиме уверувањата за важноста на можноста за влијание, желбата за вклученост и личната одговорност за промените испитаниците требаше да одговорат:

  • Колку е важно за вас, лично, да имате можност да влијаете врз одлуките што се носат во вашата локална заедница/општина?
  • Општо земено, дали би сакале да бидете повклучени во одлуките што ги донесува општинскиот совет што го засегаат вашиот град, вашето село (во 2013 и 2014 година: вашето место на живеење)?
  • Дали сметате дека подобрувањето на општеството е ваша лична одговорност или сметате дека подобрувањето на општеството е работа на други?

Податоците за одговорите на трите прашања се прикажани во табелите 15, 16 и 17 и на графиконите 18 и 19 и 20. Од табелата 15 може да се увиди дека од понудените четири степени за опишување на субјективната важност на можноста да се влијае, речиси половина од граѓаните на возраст од 16 до 66 години, во периодот од 2012-2016, година го избрале највисокиот, одговарајќи дека многу им е важно да можат да влијаат врз одлуките на општината. Во контекст на ваквите наоди уште попоразителна е претходно констатираната перцепција за практична маргинализираност на граѓаните во процесите на одлучување.

Просечната процена за субјективната важност на можноста за дејствување врз процесите на одлучување е највисока во 2015 година но, не се менува значително во периодот од 2012 до 2016 година.

Од социодемографските споредби произлегува дека во сите испитувани години образованието се јавува како фактор кој ја детерминира перцепираната важност на можноста да се влијае. Очекувано, лицата со високо образование повисоко ја вреднуваат можноста за влијание од оние со средно и основно образование. Во 2015 година, 56,54% од високо образованите граѓани рекле дека многу им е важно да влијаат наспроти 45,73% од оние со средно образование. Дополнително во 2015 и 2016 година се јавуваат и значајни разлики помеѓу младите и старите и апсолутната разлика е најголема во 2015 година кога 52,93% од граѓаните постари од 29 години рекле дека многу им е важно да влијаат наспроти 39,21 од нивните помлади сограѓани.

Освен што најголем дел од граѓаните високо ја вреднуваат можноста за влијание, најголем дел или во просек околу половината (50,7%) во периодот од 2012 до 2016 година сакаат да бидат и повклучени во одлуките што ги носи општината. Од друга страна, околу петтина од граѓаните експлицитно нагласиле дека не сакаат поголема инволвираност во процесите на одлучување на локално ниво.

Веројатноста за изразување на волја за поголема вклученост не се менува статистички значајно во периодот од 2012 до 2016 година, и социодемографски анализи упатуваат дека доследно во сите години на испитување кај пообразованите е поголема веројатноста за изразување на наклонетост за поголема вклученост.

Во последната 2016 година, 79,72% од лицата со високо образование рекле дека сакаат поголема вклученост, споредено со 65,32% од оние со средно и 55,47% од оние со основно образование.

20 Социо-демографските анализи за варијаблата која се однесува на желбата за вклученост во одлуките што се носат во општината се изведени со логистичка регресија и согласно со тоа во анализата се влезени само екстремните категории на одговор (да/не).

Испитаниците се поделени во одговорите на прашањето за одговорноста за подобрување на општеството, иако во сите испитувани години поголем процент на граѓани преземаат лична одговорност (барем декларативно) за општествените промени.

Конзистетно со претходно презентираните наоди од социдемографските анализи 21 Социо-демографските анализи за варијаблата која се однесува на одговорноста за подобрување на општеството се изведени со логистичка регресија и согласно со тоа во анализата се влезени само екстремните категории на одговор (лична одговорност/работа на други). произлегува дека слично како и во однос на волјата за вклученост и веројатноста за преземање на одговорност (барем декларативно) се зголемува со нивото на образование доследно во сите години на испитување. Во последната, 2016 година 77,98% од лицата со високо образование рекле дека подобрувањето на општеството е лична одговорност, споредено со 60,52% од лицата со средно образование и 40,41% од лицата со основно. Доследен образец низ годините се евидентира и во однос на етничките разлики и според податоците превземањето на лична одговорност е поверојатно кај етничките Македонци. Апсолутните разлики се најголеми во 2016 година, кога 67,17 % од Македонците наспроти 44,74% од Албанците одговориле дека промените се лична одговорност.

21 Социо-демографските анализи за варијаблата која се однесува на одговорноста за подобрување на општеството се изведени со логистичка регресија и согласно со тоа во анализата се влезени само екстремните категории на одговор (лична одговорност/работа на други).

Конструкција на индикаторот „волја за вклученост “

Компонентата „волја за вклученост“ објаснува 64,37% од варијансата во прашањата за желба за вклученост и одговорност за подобрување. Интерната конзистентност според Cronbach’s α = .65 е помала од конвенционалната вредност за задоволителна релијабилност, но е солидна со оглед на тоа што е пресметана на само два ајтеми. Коефициентите на корелација меѓу сопствената моќ за влијание на локално и национално ниво изнесува r = 0.45.

Агрегираниот показател „волја за вклученост“ е конструиран на следниот начин: два негативни одговора („подобрувањето на општеството е работа на други“ и „не би сакал/а поголема вклученост“) беа кодирани со -1; еден позитивен и еден негативен одговор носеше оценка од 0 за испитаникот/испитаничката; додека два позитивни одговора („подобрувањето на општеството е лична одговорност“ и „ би сакал/а поголема вклученост“) носеше оценка од 1.

СОСТОЈБАТА СО ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: ИНИЦИЈАТИВИ, АКТИВИЗАМ И КОНВЕНЦИОНАЛНО ГРАЃАНСТВО

Видовме кои се ставовите на граѓани за нивните соседи, заедниците, можноста и важноста за дејствување. Во просек, македонските граѓани се чувствуваат како дел од своите заедници и се повеќе задоволни отколку незадоволни од истите, меѓутоа тие се поделени во однос на довербата што ја имаат во соседите. Просечниот/та граѓанин/ка е речиси убеден/а дека никако не може да влијае врз одлуките што се донесуваат во неговата заедница, иако верува дека подобрувањето на општеството е негова лична одговорност и би сакал да биде многу повклучен во својата заедница.

Но, колку учествуваат македонските граѓани фактички во подобрувањето на сопственото општество и во решавањето на проблемите во сопствените заедници? Дали увереноста дека ништо не може да се промени е клучен индикатор за граѓанско учество или пресудна е личната одговорност или, пак, големото чувство на припадност?

ВЛИЈАНИЕ НА ЗАЕДНИЦАТА: ГРАЃАНСКИОТ АКТИВИЗАМ НИЗ ПРИЗМА НА ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО НА СОСЕДИТЕ И СОГРАЃАНИТЕ

Распространетоста на граѓанското учество во Македонија се обидовме да ја утврдиме преку извесувањата на граѓаните за нивното учество, но и перцепциите за колективната ангажираност во нивните заедници. Имено, пред да ги прашаме граѓаните дали самите учествувале во граѓанска иницијатива, тие прво оценуваа колку често нивните соседи и сограѓани се организираат за да ги подобрат сопствените заедници, односно колку често учествуваат во граѓански иницијативи за општо добро. И ова прашање го разгледавме на три нивоа: организирање на соседите во непосредните заедници, односно маала, организирање на соседите во пошироките заедници, односно градови и села, и организирање иницијативи на ниво на Република Македонија. Податоците за одговорите на трите прашања се прикажани во табелите 18, 19 и 20 и на графиконите 21 и 22 и 23.

Во сите испитувани години, најголем дел од учесниците или речиси половина, одговориле дека соседите ретко се организираат. Просечната оцена за организираноста на соседите од маалото/населбата е највисока во 2012 година и, иако повеќекратните споредби упатуваат дека не се променува значително, може да се евидентира значителен линеарен тренд на опаѓање.

Во однос на перцепциите за организираноста на соседите, во 2012 година се евидентирани значајни разлики меѓу граѓаните со различно ниво на образование, етничка припадност и пол. Со зголемување на нивото на образование се намалува веројатноста за високо оценување на организираноста на сограѓаните од својата населба – 40,37% од оние со ниско образование рекле дека нивните соседи постојано или често се организираат наспроти 28,97% од оние со средно и 21,45% од оние со високо образование. Во 2012 година, 39,70% од Албанците наспроти 26,81% од Македонците рекле дека нивните соседи често или постојано си помагаат и иако кога се контролираат сите социо-демографски варијабли разликата во просечните процени е значајна само во 2012 година, образецот е доследен низ годините и може да се заклучи дека Еетничките Албанци ги перципираат своите соседи како поорганизирани од етничките Македонци. И покрај тоа што исчезнува низ годините, во 2012 година поголема организираност на соседите од маалото или населбата перципираат мажите, од кои 31,68% наспроти 26,49% од жените рекле дека соседите често или постојано се организираат. Во периодот од 2014 до 2016 година се забележува и разлика меѓу жителите на рурални и урбани средини и може да се заклучи дека жителите на селата ги перципираат своите соседи како поорганизирани од жителите на Скопје и помалите градови. Интересно е да се нагласи дека меѓу жителите на Скопје, иако во 2012 година 32,80% рекле дека соседите често или постојано си помагаат, во 2016 година, само една петтина (20%) дале некој од овие два одговори. Дополнително во 2016 година се јавуваат и значајни разлики помеѓу жителите од различни региони – веројатноста високо да ја оценат организираноста на соседите е најголема меѓу жителите од Полошкиот регион, а најмала меѓу жителите на југозападниот регион.

Слично како и за организираноста на ниво на маало или населба, најголем дел од граѓаните или повеќе од половина сметаат дека нивните сограѓани ретко се здружуваат за да го подобрат градот или селото. Просечната оцена за организираноста на соседите од градот/селото е највисока во 2012 година и значително опаѓа во 2013 година, за во 2014 година повторно значајно да се зголеми.

Во однос на организираноста на ниво на град/село, во 2012 година се евидентирани разлики меѓу испитаниците од различен регион, и веројатноста високо да ја оценат организираноста на своите сограѓани е највисока меѓу испитаниците од Пелагонискиот регион. Конзистентно со наодите за разликата меѓу граѓаните од урбаните и руралните средини во однос на организираноста на ниво на маало/населба, во 2013 и 2014 година жителите на селата повисоко ја процениле организираноста на своите соседи и на ниво на градот/селото споредено со жителите на Скопје и другите градови. Може да се истакне дека процените за организираноста низ годините варираат најмногу меѓу жителите на Скопје и интересно е да се напомене дека иако во 2013 година само 19,91% од жителите на Скопје рекле дека нивните сограѓани често или постојано се организираат, следната или 2014 година 31,46% дале некој од овие два одговора.

Најголем дел од испитаниците или повеќе од половина сметаат дека граѓаните во Македонија ретко учествуваат во граѓански иницијативи за општо добро. Просечната процена е највисока во 2014 година, и истата значајно се разликува од просечната процена во 2013 година, но не се менува значајно во 2015 и 2016 година.Просечната процена е нај- висока во 2014 година, и таа значително се разликува од просечната процена во 2013 година, но не се менува значајно во 2015 и 2016 година.

Во сите испитувани години се јавуваат значајни разлики според етничката припадност и кај етничките Македонци е поголема веројатноста повисоко да ја проценат организираноста на ниво на Македонија. Во 2016 година, 35,24% од етничките Македонци рекле дека нивните сограѓани постојано или често учествуваат во иницијативи за подобрување на Македонија, додека овие два одговори се среќаваат кај 23,98% од етничките Албанци.

Иако помали, во 2012 и 2014 година се јавуваат и разлики според нивото на образование и, и во двете години лицата со високо образование најниско ја процениле зачестеноста на иницијативите за општо добро на ниво на Македонија. Во 2014 година кај младите расте просечната процена за зачестеноста на граѓанските иницијативи и се јавуваат значителни разлики меѓу нив и старите. 42,35% од младите наспроти 33,08% од старите сметаат дека граѓанските иницијативи се случувале постојано или често во 2014 година, но разликите исчезнуваат во 2015 и 2016 година и од двете возрасни групи околу третина дале некој од овие два одговори. Најпосле, во 2014 и 2016 година споредено со мажите, жените во просек процениле позачестено граѓанско учество. Разликата е понагласена во 2016 година кога 38,01% од жените наспроти 28,25% од мажите сметаат дека граѓанските иницијативи се (често или постојано) случуваат.

Конструкција на индикаторот „организација на заедницата за граѓански иницијативи “

Екстрахираната компонента „организираност на заедницата за граѓански иницијативи“ објаснува 58,09% од варијансата во одговорите на прашањата за организираноста на соседите во маалото/населбата, градот/ селото и Македонија. Интерната конзистентност според Cronbach’s α =.64 е помала од конвенционалната вредност за задоволителна релијабилност. Коефициентите на корелација се движат во опсегот од r = ,26 - ,50, најголема е корелацијата меѓу варијаблите за организираноста во градот/селото и маалото/населбата, а најмала е корелацијата меѓу организираноста на ниво на маало/ населба и Македонија.

Агрегираниот показател за „организираност на заедницата за граѓански иницијативи“ е конструиран како средна вредност од трите мерени варијабли за организираноста на ниво на маалото/ населбата, градот/селото и Македонија.

ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ И ЗА ОПШТО ДОБРО

ВВидовме дека околу еден на секои три испитаници во периодот од 2012 до 2016 година оценува дека македонските граѓани често или постојано се здружуваат за да ги подобрат сопствените заедници. Конзистентно со ваквите наоди, незавидна слика за граѓанското учество во Република Македонија се добива и од одговорите на прашањето за личната партиципација на граѓаните. Податоците за одговорите на прашањето за личното учество во граѓански иницијативи и видовите на граѓански иницијативи кои се приложени во табелите 21 и 22 и на графиконите 24 и 25 .

Во 2012 година нешто повеќе од петтина од граѓаните рекле дека учествувале во граѓанска иницијатива, додека во 2013 година процентот на активни граѓани упатува дека секој четврти учествувал во граѓанска иницијатива. Граѓанското учество доживува значителен пораст од 2013 во 2014 година кога 32,9 % или речиси третина од испитаниците потврдиле дека биле дел од некаква граѓанска иницијатива, но не се менува значително по 2014 година.

Веројатноста за учество во граѓански иницијативи во периодот од 2012 до 2016 година меѓу граѓаните на возраст од 16 до 66 години, најдоследно е детерминирана од полот, нивото на образование и местото на живеење. Во периодот од 2013 до 2016 година, мажите почесто учествуваат од жените во граѓански иницијативи и величината на ваквата разликата е стабилна низ годините. За илустрација, во 2016 година 36,27% од мажите наспроти 25,28 % од жените потврдиле учество во граѓански иницијативи за подобрување на Македонија.

За илустрација, во 2016 година 36,27% од мажите наспроти 25,28 % од же- ните потврдиле учество во граѓански иницијативи за подобрување на Македонија. Иако лицата со високо образование пониско ја проценуваат граѓанската организираност на ниво на Македонија, веројатноста за учество е поголема кај нив споредено со оние со пониско образование во 2012, 2013 и 2015 година. Во 2015 година, 44,79% од лицата со високо образование учествувале во граѓански иницијативи наспроти, 27,76 % од оние со средно и 21,71% од оние со основ- но. Во 2013 година се јавуваат значајни разлики и според местото на живеење и врз основа на потврдните одговори на испитаниците, граѓанските иницијативи биле почести во селата (32,45% село наспроти 25,31% Скопје и 23,39% други градови) иако до 2016 година апсолутните разлики исчезнуваат (30,37% село наспроти 31,56% Скопје и 30,35% останати градови). Доследно со констатираните етнички разлики во однос на перцепциите за граѓанското учество, во 2016 година се јавуваат и разлики во однос на личното учество меѓу етничките групи, и веројатноста за учество е поголема меѓу етничките Македонци од кои 32,74% потврдиле дека биле дел од граѓанска иницијатива, наспроти 25,81% од етничките Албанци. Во 2012 и 2013 година веројатноста за учество е детерминирана и од приходите, во 2012 година најчесто учествувале лицата со приходи од 15 до 20 илјади денари (32,87%), а најретко оние со помали од 5 илјади денари (15,45%) додека во 2013 година, веројатноста за учество е најмала кај граѓаните со приходи од 5 до 10 илјади денари (19,44%), а највисока кај лицата со повисоки приходи од 20 илјади денари (42,31%). Конечно, во сите испитувани години вработените почесто учествуваат од невработените, иако разликата достигнува статистичка значајност само во 2013 година кога 34,22% од вработените, наспроти 20,24% од невработените дали афирмативен одговор. Со ваквите наоди можеби се потврдува контраинтуитивната теза дека невработените граѓани (и покрај претпоставениот вишок на слободно време) се, едноставно, помалку вклучени во сите општествени збиднувања, вклучително и во граѓанските иницијативи.

Само мал број од оние (исто така, малку на број) испитаници кои одговориле дека учествувале во иницијатива навеле и за каква иницијатива станува збор.

Од оние испитаници што рекле дека учествувале во граѓански иницијативи, доследно во сите години на испитување, најголем процент биле дел од еколошки акции поврзани со чистење и собирање отпад, пошумување или организирани поправки на инфраструктура (патишта, водовод, канализација и сл.), додека учеството во хуманитарни акции е релевантно за 19% до 25,1% од граѓаните што потврдиле учество во граѓански иницијативи.

ГРАЃАНСКИОТ АКТИВИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Учеството во граѓански иницијативи за подобрување на општеството не е единствен начин за граѓанско учество. Граѓаните можат директно да се вклучат во донесувањето одлуки и подобрувањето на општеството и како поединци. Затоа, освен прашањето дали испитаниците учествувале во граѓанска иницијатива за општо добро, каде што акцентот беше ставен на здружувањето со соседите и со сограѓаните за заедничка цел, испитаниците беа прашани и дали стапиле во контакт со институциите на власта (плус политичките партии) со цел да решат одреден општествен проблем како поединци. Конкретно, тие требаше да одговорат дали во последната година стапиле во контакт со:

  • градоначалникот или советник на нивната општина;
  • пратеник или пратеничка;
  • министер или министерка;
  • владин претставник или претставничка; или
  • политичка партија

со цел решавање општествен проблем како поединци.

Исто така, испитаниците беа прашани дали во последната година

  • учествувале на јавна расправа, односно состанок за локални проблеми;
  • учествувале на протест, демонстрација или јавен собир;
  • потпишале петиција;
  • поднеле предлог или претставка;
  • биле вклучени во работна група за дискусија во општината.

Со тоа опфативме голем број начини за граѓанско учество, кои ги нарековме граѓански активизам, и имавме можност да дознаеме кои се најчестите видови граѓански активизам, каква е поврзаноста помеѓу различните видови активизам и кои сè, односно дали постојат разлики помеѓу различните групи на граѓани и нивниот избор на механизми преку кои ќе влијаат врз општествените промени. Податоците за одговорите на прашањата за граѓански активизам се приложени во табелите 23 и 24 и на графиконите 26 и 27 .

Она што е веднаш согледливо од податоците во табелата 23 е дека состојбата со граѓанското учество во Македонија е на многу ниско ниво. Освен контактите со општините каде што живеат, македонските граѓани многу ретко индивидуално се обидуваат да решат одреден проблем, преку контакти со институциите. Во периодот од 2012 до 2016 година, за решавање на општествени проблеми со општината во просек контактира речиси секој петти граѓанин, со пратениците контактираат помалку од десеттина од граѓаните, а со владините претставници, односно министрите, во просек контактираат помалку од 5% од граѓаните. Интересно е да се забележи дека за решавање одреден општествен проблем, доследно во сите испитувани години, граѓаните поверојатно е да ги контактираат политичките партии отколку избраните претставници.

Покрај „контакт-активизмот“, состојбата со другите видови граѓанско учество е на слично, исто така, незавидно ниво. Во периодот од 2012 до 2014 година, најдобро котира учеството на јавна расправа за локални проблеми, со учество во просек од 16,3% на граѓаните но, во 2015 и 2016 година се зголемува процентот на граѓани што потврдиле дека учествувале во протести, јавни демонстрации и јавни собири, и според податоците 20,9% од испитаниците во 2015 година, а 17,7% во 2016 година биле дел од вакви активности. Ваквиот наод е доследна рефлексија на општествените случувања во изминативе две години, кога во Македонија се случуваа масовни протести.

Конструкција на индикаторите за граѓански активизам

Дихотомните варијабли што се однесуваат на контактирањето со претставниците на власта, државните институции и партиите како и на инволвираноста во различните активности преку кои беше операционализиран граѓанскиот активизам беа подложени на анализа на главни компоненти за да се утврди дали може да екстрахираат фактори што ги супсумираат. Беа екстрахирани три компоненти: контакт-активизам, конструктивен активизам и т.н. хостилен или спротивставувачки активизам кои објаснуваат 58.20% од варијансата во одговорите. Контакт активизмот е граѓански активизам кој се остварува преку комуникација со државните институции најчесто локалните власти, со пратениците и претставниците на владата но, и со политичките партии. Интерната конзистентност на четирите ајтеми за контакт активизам изнесува Cronbach’s α = .76 и е блиска до конвенционалната вредност за солидна релијабилност. Втората компонента или конструктивниот активизам се однесува на учеството во групи и јавни расправи, како и давањето предлози и претставки до јавните институции и прет- поставува поголем ангажман од граѓаните. Интерната конзистентност на ајтемите за конструктивен активизам изнесува Cronbach’s α = .62. Конечно последниот тип активизам кој го нарековме хостилен активизам се состои од учество на протести и потпишување петиции, што упатува дека голема е веројатноста граѓаните кои излегуваат на демонстрации за да влијаат врз политички одлуки ги користат и петициите како средство за изразување на сопственото мислење и за влијание врз општествените промени. Интерната конзистентност за хостилен активизам е најниска и изнесува Cronbach’s α = .60. Пожелно е да се напомене дека екстрахираната факторска структура освен на податоците од сите испитувани години се реплицира и на примероците на секоја година поодделно со што дополнително се валидира обидот за ваква концептуализација на граѓанскиот активизам.За да се диференцираат активните од неактивните граѓани, индикаторите за трите форми на активизам беа конструирани како дихотомни варијабли на „присуство-отсуство“, а „присуството“ на обликот на активизам беше определено како инволвираност во барем една од активностите што се конститутивни за компонентата Податоците за зачестеноста на трите форми на граѓански активизам се приложени во табелата 25.

ВРСКИТЕ МЕЃУ РАЗЛИЧНИТЕ ВИДОВИ ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ И РАЗЛИКИТЕ МЕЃУ РАЗЛИЧНИТЕ ГРАЃАНСКИ ПОДГРУПИ

Веројатноста за контакт-активизам во периодот од 2012 до 2016 година може да се опише преку значаен квадратен тренд, и може да се види дека процентот на граѓани што биле ангажирани во контакт активизам се зголемува до 2014 година и потоа бележи намалување до 2016 година. Иако и во однос на конструктивниот активизам може да се констатира статистички значителен пад од 2014 во 2015 година, варијациите низ годините во овој облик на активизам се помалку нагласени и освен во 2014 година кога четвртина од граѓаните потврдиле учество во работни групи, јавни расправи или поднеле предлози до јавните институции, овој облик на активизам доследно низ годините е релевантен само за петтина од граѓаните. Најпосле, и во однос на зачестеноста на хостилниот активизам статистички значајни промени може да се констатираат од 2014 во 2015 година, но спротивно на трендот утврден за претходните два облика на активизам, во 2015 година учеството во протести, демонстрации и јавни собири, кулминира и околу четвртина од граѓаните го потврдиле својот спротивставувачки активизам. Ваквиот наод не изненадува со оглед на фактот што со овој период се врзуваат бурни општествени случувања кои започнаа со масовните студентски протести кон крајот на 2014 година и продолжија во 2015 година со протестите на граѓанското движење „Протестирам“. Зачестеноста на хостилниот активизам според податоците значајно опаѓа во 2016 година меѓутоа ваквиот наод мора да се контекстуализира со периодот на изведување на истражувањето (29.02.- 08.04.2016), кој им претходи на масовните протести на т.н. Шарена револуција, кои започнуваат на 12 април 2016 година.

На графиконот 27. е интересно да се забележи „коинцидирањето“ на падот на кооперативните форми на граѓански активизам со порастот на хостилниот активизам во 2015 година.

Од социодемографските анализи произлегува дека веројатноста за контакт активизам е доследно детерминирана од нивото на образование, местото на живеење и родовата припадност.Иако веројатноста за контакт активизам се зголемува со зголемување на нивото на образование доследно во периодот од 2012 до 2016 година, во последната година (2016), понагласена е диференцијацијата меѓу лицата кои завршиле високо образование (38,96%) и оние со пониско образование (средно 25,85% и основно 20,32%). Разликите во контакт активизмот, според местото на живеење се значителни во сите години на испитување, но се најнагласени во 2012 и 2016 година, а најмали во 2014 година, кога учеството е највисоко меѓу сите категории граѓани, што може да се контекстуализира со предвремените парламентарни избори таа година. За споредба во 2014 година 32,80% од граѓаните на Скопје учествувале во контакт активизам наспроти 38,67 % од жителите на селата, додека во 2016 година, процентот на контакт активизам во Скопје опаѓа на 21,56% додека падот е помалку драстичен во селата и во 2016 година 32,75% од селаните биле ангажирани во контакт активизам. Во 2012, 2013 и 2016 година, се јавуваат разлики и меѓу возрасните групи и, според наодите, контакт активизмот е почест меѓу старите со што дополнително се потврдува претпоставката дека традиционалните форми на граѓански активизам се помалку привлечни за помладите. За илустрација, во 2016 речиси третина од старите (32,90%) биле вклучени во контакт активизам наспроти помалку од петтина (18,45) од младите.

Конечно, доследно во периодот од 2012 до 2016 година, значен е и родовиот јаз во контакт активизмот. Разликата е најголема во 2015 година кога 38,70% од мажите контактирале барем со еден од јавните функционери и претставници на јавните институции наспроти 23,33% од жените. Сепак, кога се разгледуваат родовите разлики пожелно е да се нагласи интеракцијата со припадноста на возрасните групи, поточно дека родовите разлики се помали меѓу граѓаните помлади од 29 години (види графикон 28). Во 2016 година 20% од мажите и 16,78% од жените помлади од 29 години учествувале во контакт активизам, додека меѓу граѓаните постари од 29 години, разликата е драстично понагласена и може да се види дека 40,62% од мажите наспроти 25,53% од жените учествувале во контакт активизам.

Слични обрасци на односи се идентификувани и во однос на конструктивниот активизам. Веројатноста за конструктивен активизам во сите испитувани години е поголема кај мажите и најголеми се разликите во 2014 година, кога шансите за учество се повеќе од двојно (2,29) поголеми кај мажите споредено со жените, меѓутоа истиот заклучок за величината на родовите разлики кај младите и старите може да се донесе и во однос на конструктивниот активизам (види го графиконот 29). На пример, во 2016 година, кај граѓаните постари од 29 години, 31,63% од мажите наспроти 17,30% од жените потврдиле учество во конструктивен активизам, додека кај граѓаните помлади од 29 години разликата е видливо помала и 18,12% од мажите наспроти 14,09% од жените биле ангажирани во конструктивен активизам.

Пресликување со наодите за контакт активизмот може да се забележи и во однос споредбите на испитаниците со различен степен на образование. Со зголемување на нивото на образование се зголемува и веројатноста за негово актуализирање во сите испитувани години освен 2014 година. Разликите се најголеми во 2016 година кога шансите за учество кај високо образованите се дури четири пати (4,12) поголеми од кај лицата со ниско образование.

Помали разлики се евидентирани според местото на живеење и интересно кај жителите на селата е поголема веројатноста за конструктивен активизам споредено со жителите на градовите во 2012, 2013 и 2016 година. На пример, во 2016 година, според одговорите на испитаниците, 25,56% од жителите на селата наспроти 19,69% од жителите на Скопје потврдиле учество во конструктивен активизам. Во 2015 и 2016 година се јавуваат и разлики според приходите и веројатноста за активизам во 2015 година е значително поголема кај лицата со повисоки приходи од 20 илјади денари споредено со сите со пониски приходи од 15 илјади, додека во 2016, веројатноста за учество е поголема кај сите категории на граѓани со повисоки приходи од 10 илјади денари споредено со оние со приходи од 5 до 10 илјади денари. Ова значи дека конструктивниот активизам расте кај граѓаните со приходи од 10 до 15 илјади, и за илустрација, ако во 2015 година 19,66 % од нив учествувале во конструктивен активизaм, во 2016 година процентот расте на 26,07%. Интересно е да се нагласи дека кога се контролираат сите социодемографски карактеристики, за разлика од контакт активизмот, во однос на констрктивниот активизам разликата меѓу младите и старите е значителна само во 2013 година, кога 24,27% од старите наспроти 14,53% од младите биле инволвирани во конструктивен активизам.

Во однос на хостилниот активизам, веројатноста за учество е најдоследно определена од нивото на образование. Слично како и во однос на конструктивниот активизам, во сите испитувани години, освен во 2014, веројатноста за учество се зголемува со зголемување на нивото на образование. Разликата е најголема во 2015 година, кога 38,86% од лицата со високо образование наспроти 14,20% од оние со основно и 22,05% од граѓаните со средно образование потврдиле учество во хостилен активизам. Во 2013 година се јавуваат и разлики според етничката припадност; кај етничките Македонци е поголема веројатноста за учество во хостилни активности од кај етничките Албанците. Интересно е да се нагласи дека, иако во 2015 година разликата во учеството меѓу етничките групи изнесува 8,62 процентни поени, кога се контролираат сите социодемографски варијабли, етничката припадност не го предвидува значително учеството во хостилни активности. Најпосле, во 2015 и 2016 година се јавуваат и разлики меѓу возрасните групи, меѓутоа спротивно на евидентираниот образец за кооперативните форми на граѓанско учество, во однос на хостилниот активизам веројатноста за учество е поголема кај младите. Разликата кулминира во 2015 година кога 36,94% од младите наспроти 22,22% од старите учествувале во спротивставувачки активизам.

Може да се потенцира дека во однос на учеството во хостилен активизам, кога се контролираат сите социодемографски карактеристики, во ниту една од годините на испитување не се евидентирани разлики меѓу мажите и жените, што упатува дека јазот меѓу родовите во граѓанскиот активизам постои само во однос на поконвенционалните негови форми.

Може да се потенцира дека во однос на учеството во хостилен активизам, кога се контролираат сите социодемографски карактеристики, во ниту една од годините на испитување не се евидентирани разлики меѓу мажите и жените, што упатува дека јазот меѓу родовите во граѓанскиот активизам постои само во однос на поконвенционалните негови форми.

КОНВЕНЦИОНАЛНО ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ГЛАСАЊЕ НА ИЗБОРИ

Бидејќи во 2012 година анкетата беше спроведена неколку месеци пред локални избори, во неа беа изоставени прашањата поврзани со конвенционалното учество, односно гласањето на избори. Тоа беше направено за да не се создаде сомнеж кај испитаниците дека анкетата има неискре- на намера и е поврзана со закажаните избори, а не со граѓанското учество. Во 2013 и 2014 година не постоеше ваков проблем и затоа беше додадено прашање за конвенционалното учество:

  • Колку често сте гласале во минатото?
  • Дали ќе гласате на следните избори? (без разлика на тоа за какви избори станува збор)
  • Колку за вас лично е важно гласањето на избори? (без разлика дали во моментов имате право да гласате)

Податоците за одговорите на трите прашања за конвенционалното граѓанско учество се приложени во табелите 26, 27 и 28 и на графиконите 31, 32 и 33, .Просечните процени за важноста на гласањето не се менуваат значајно во периодот од 2012 до 2016 година и во просек на 68% од граѓаните им е важно или многу важно да гласаат.

Социодемографските споредби упатуваат дека важноста на гласањето е доследно предвидена од припадноста на возрасните групи. Во 2014 година, 71,88% од граѓаните постари од 29 години рекле дека им е важно или многу важно да гласат, наспроти 57, 27% младите.

Минатата излезност на гласање според известувањата на граѓаните во периодот од 2012 до 2016 година не се променува значително и, во просек, 79,82% рекле дека гласале на сите или речиси на сите избори. Ова значи дека во просек осум од десет граѓани гласале на сите избори но, индикативно е што оваа стапка видливо се разликува од официјалните податоци за излезност на граѓаните на изборите, според кои, на пример, на предвремените парламентарни избори во 2014 година гласале 1.120.744, односно стапката на излезност изнесувала 63%.

Очекувано, проценките за доследноста во минатата излезност се разликуваат меѓу младите и старите испитаници и доследно во сите испитувани години, старите повисоко ја оцениле мината излезност. Разликата е најголема во 2015 година, кога 82,99% од старите рекле дека гласале на сите или речиси сите избори наспроти 61,75% од помладите.ВВо 2016 година се евидентирани разлики меѓу граѓаните со различно ниво на образование и различна етничка при- падност; оние со високо образование и етничките Македонци повисоко ја оцениле сопствената излезност на минатите избори (од оние со ниско образование и етничките Албанци), иако разликите се излишни, ако се има предвид дека најголем дел од граѓаните, без оглед на социодемо- графската заднина, рекле дека гласале на сите избори.

И сигурноста во намерата за идната излезност на избори не се променува значително во периодот од 2012 до 2016 година и, во просек, 69,62% од граѓаните се изјасниле дека сигурно ќе гласаат на наредните избори.

Како и процените за минатата излезeност, така и процените за идната излезност, најдоследно се предвидени од припадноста на двете возрасни групи, и во периодот од 2014 до 2016 година младите се помалку сигурни во намерата дека ќе гласаат од своите постари сограѓани. Разликите се стабилни низ годините и, во 2016 година, 73,72% од старите, наспроти 62,05% од младите, рекле дека сигурно ќе гласаат на следните избори.

Сумарно, наодите за гласачкото однесување ги потврдуваат стојалиштата на авторите (пр. Bennett, Wells, & Rank, 2007) што укажуваат дека младите се помалку заинтересирани за конвенционалното граѓанско учество, иако, како што може да се види од нивните одговори, во оваа компаративна студија, младите не се незаинтересирани и повеќе од половина од нив рекле дека гласале речиси на сите избори досега и дека сигурно ќе гласаат на идните избори.

Конструкција на индикаторот „Доследност во гласачкото однесување“

Екстрахираната компонента „доследност во гласачко однесување“ објаснува 63,77 % од варијансата во одговорите на прашањата за важност на правото на глас, минатото и идното гласачко однесување. Интерната конзистентност според Cronbach’s α = .69 е пониска од конвенционалната вредност за солидна релијабилност. Коефициентите на корелација меѓу варијаблите се во опсегот r = .38 - .51 и ,според величината, може да се определат како умерени до високи. Најголема е корелацијата меѓу идното гласање и важноста на гласањето, а најмала меѓу важноста на гласањето и минатото гласање.

Агрегираниот показател за „гласачкото однесување“ е конструиран како средна вредност од трите мерени варијабли: важност на гласањето, минато и идно гласање.

ВОЛОНТЕРСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Волонтерството е клучен дел од граѓанското учество, често дури и синоним за граѓанско учество. Тоа е тесно поврзано со граѓанските иницијативи, бидејќи тие претставуваат еден вид волонтерство. Преку волонтерството најчесто се решаваат одредени проблеми во заедницата (идентично со иницијативите), меѓутоа волонтерството има поширок спектар. Во волонтерство спаѓаат и акции за практична помош на групи или сограѓани, како и организирање настани во заедницата. Со тоа, волонтерите директно учествуваат во случувањата во заедницата, причина поради која волонтерството е синонимно со граѓанското учество.

Во нашата студија волонтерството беше мерено преку список на начини за бесплатна парична помош и од испитаниците се бараше да наведат дали тие дале таква помош или не. Ова го сторивме за да бидеме сигурни дека сите испитаници одговараат за ист вид волонтеризам, односно за да не постојат слободни толкувања на волонтерството.

Меѓу другото, правиме разлика меѓу (бесплатна) помош на организации, клубови и здруженија во форма на формално, традиционално волонтерство и неформално волонтерство, односно помош на сограѓани (со кои испитаниците не се сродно поврзани) како посебен начин на волонтирање сопствено време, кој не спаѓа во традиционалното сфаќање на волонтерството.

Во продолжение најпрво се разгледува зачестеноста на членството во организации и клубови (табела 29), а потоа врз основа на списокот на активности преку кои беа операционализирани начините за давање на бесплатна помош (табели 31 и 34 ), се дадени индекси за застапеноста на формалното (табелa 32) и неформалното волонтерство (табела 35). Дополнително, во табелите 33 и 36 се дадени податоците за честотата на практикување на двете форми на волонтирање.

Процентот на граѓани што членувале во некоја организација, група или клуб не се менува значително во периодот од 2012 до 2016 година и може да се каже дека во просек помалку од петтина од граѓаните го донирале своето време во т.н. традиционално волонтерство.

Доследно во перидот од 2013 до 2016 година младите почесто членуваат во организации или клубови. Апсолутните разлики се најголеми во 2014 година кога 31,52% од испитаниците помлади од 29 години потврдиле членство наспроти 17,39% од нивните постари сограѓани.

И образецот на разлики меѓу мажите и жените е доследен во периодот од 2012- 2016 година; мажите почесто се инволвирани во локалните организации и клубови, а разликите се најголеми во 2014 година, кога 26,38% од машките испитаници дале потврден одговор наспроти 16,16% проценти од жените. Во периодот од 2013 до 2015 година значителни се разликите и според висината на приходите и, според наодите, веројатноста за членување е најголема кај граѓаните со приходи повисоки од 20 илјади денари. Јазот е најевидентен во 2014 година, кога 34,18% од лицата со повисоки приходи од 20 илјади денари рекле дека членуваат во организации или клубови, наспроти 15,32% од граѓаните со приходи од 5 до 10 илјади денари. Најпосле, веројатноста за членство во организации или клубови е различна кај лицата со различен степен на формално образование, и разликите се најнагласени во 2016 година, кога третина (33%) од лицата со високо образование потврдиле членство, наспроти 15,33% од граѓаните со средно и 13,37% од граѓаните со основно образование.

Од оние граѓани што биле членови на некоја организација или клуб, како што може да се види од табелата 30, најголем дел или, во просек од петте години, повеќе од петтина биле членови на хуманитарни организации (21, 98 %) и спортски, ловни и риболовни организации (22,2 %).

Најчеста форма на бесплатна помош која ја пружат членовите на своите организации е консултативната (давање информации или совети) или помош при организација на настани, а најретка е административната помош поврзана со сметководствена или канцелариска работа.

Ако се направи сумарен преглед за формалното волонтирање или волонтрирањето за организации 22 Бидејќи во 2013 година не е поставено прашањето за начините на давање на неплатена помош за организацијата на оние кои не се членови, не е направен сумарен индекс за формалното волонтерство. ќе се увиди дека процентот на оние кои волонтирале за организации се зголемува во 2014 година кога речиси половина од граѓаните (48%) донирале време за помош на организации, но потоа повторно опаѓа. Во табела 32 се дадени податоци за застапеноста на формалното волонтерство конципирано како давање бесплатна помош за организации на барем еден од погоре наведените начини.

22 Бидејќи во 2013 година не е поставено прашањето за начините на давање на неплатена помош за организацијата на оние кои не се членови, не е направен сумарен индекс за формалното волонтерство.

Најголем дел од граѓаните или, во просек во периодот од 2012 до 2016 година, четворица од десетмина (39,36%) се ангажираат поретко од еднаш неделно, но барем еднаш месечно, нудејќи бесплатна помош во организацијата или групата/клубот каде што се членови. Сепак, доследноста на формалното волонтирање се огледува од податоците што упатуваат дека дополнителни три од десет или, во просек, 27,78 % од формалните волонтери во периодот од 2012 до 2016 година, волонтираат барем еднаш неделно. Ваквите наоди не се доследни со наодите презентирани во Стратегијата за развој и промоција на волонтерството на Министерството за труд и социјална политика (МТСП, 2010) и упатуваат дека, сепак, најголем дел од формалните волонтери се редовни волонтери (види Табела 33). Во просек, само 4,94 % се т.н. „еднократни“ волонтери, кои волонтирале само еднаш.

За разлика од формалното, неформалното волонтерство котира многу подобро во Република Македонија. Во сите години на испитување, најголем дел од граѓаните или, во просек, 68,02 % донирале (на пример, крв, облека, пари ..), а најмалку укажале лична грижа за болно или за изнемоштено лице (во просек за сите години, 24,76%) или застапувале некого (на пр., во општина или кај доктор) (просек за сите години, 24,2%).

Исто така може да се согледа дека во периодот од 2012 до 2016 година, во просек, високи 87,98% од граѓаните помогнале на пријател или на непознат човек барем преку една од наведените активности преку кои беше операционализирано неформалното волонтерство.

Процентот на неформални волонтери значително се зголемува од 2012 во 2013 година .

Иако неформалното волонтерсво е позастапено меѓу граѓаните, сепак, од податоците во табелата 34 може да се заклучи дека најголем дел од граѓаните го практикуваат ретко (во просек, 50, 17% од периодот 2012-2014 година) или по потреба (во просек, 62,45% од 2015-2016 година).

Социодемографските споредби упатуваат дека разликите меѓу одделните категории на граѓани се тривијални, и најголем дел од нив, без оглед на демографската заднина, волонтирале барем преку една од наведените активности.

Предвидување на учеството во граѓански иницијативи и граѓанскиот активизам

За да се утврди што е значајно за предвидување на учеството во граѓанскиот активизам и во трите форми на граѓански активизам, беа изведени три хиерархиски логистички регресии. Во сите регресивни анализи во првиот блок беа внесени социодемографските варијабли и годината на испитување, додека во вториот блок беа внесени агрегираните варијабли што се однесуваат на ставовите кон заедницата, уверувањата за можностите за дејствување и неговата оправданост, како и доследноста во гласачкото однесување како традиционална форма на граѓанско учество и, конечно, ангажираноста преку формално или неформално волонтирање. Хиерархискиот внес беше погоден за да се види дали и колку емпириските конструкти што во литературата концептуално се поврзуваат со граѓанското учество и граѓански активизам ја зголемуваат предиктивната вредност откако ќе се земат предвид социодемографските варијабли и ќе се контролираат варијацииите од една во друга година на испитување. Иако во продолжение се приложени и статистиците од кои може да се заклучи предиктивната вредност на социодемографските варијабли, не е коментирана нивната улога затоа што претходно се интерпретирани разликите меѓу граѓаните со различна социодемографска заднина за секоја година на испитување пооделно.

Предвидување на учеството во граѓански иницијативи

Моделот во кој се внесени само социодемографските варијабли и годината на испитување е значаен χ2 (22) = 139,941, p = .000, и објаснува помеѓу 5 (Cox & Snell R2 = 0,05) и 7 (Nagelkerke R2 = 0,07) проценти од варијансата во учеството во граѓански иницијативи. Хосмер- Лемешоуовиот тест на совпаѓање е незначаен, што дополнително укажува дека моделот е добар χ2 (8)= 11,870, р = ,157. Моделот во кој, освен социодемографските варијабли и годината на испитување, се внесени и агрегираните варијабли, исто така, е значаен χ2 (35) = 472,864, p = .000 и ја зголемува објаснетата варијанса на 17 (Cox & Snell R2 = 0,17), односно 23 (Nagelkerke R2 = 0,23) проценти. Повторно Хосмер-Лемешоуовиот тест на совпаѓање е незначаен, што укажува дека моделот е добар χ2 (8)= 2,908, р = ,940.

Во табелата 37 се дадени вредностите за регресивните коефициенти, односот на шансите и нивните 95 % интервали на сигурност од кои може да се оцени посебната предиктивната вредност на секоја од внесените варијабли.

Веројатноста за учеството во граѓански иницијативи за општо добро се зголемува со зголемување на довербата во сопствената можност за влијание и со зголемување на увереноста во колективната организираност на своите соседи. Шансите за вклученост во граѓански иницијативи се 3,35 пати поголеми кај оние што се членови на организации, клубови и групи, а веројатноста за граѓанско учество е поголема и кај оние што рекле дека подобрувањето на општеството е лична одговорност и изразиле и желба за вклученост. Заклучно, кога се контролираат социодемографските варијабли и годината на испитување, учеството во граѓански иницијативи за општо добро значително може да се предвиди од: довербата во сопствената можност за влијание, волјата за вклученост во заедницата, процените за нејзината организираност, и членството во организации, клубови и групи.

Предвидување на контакт активизмот

Моделот во кој се внесени само социодемографските варијабли и годината на испитување е значаен Х2 (22) = 177,695, p = .000, и објаснува помеѓу 7 (Cox & Snell R2 = 0,66) и 9 (Nagelkerke R2 =0,09) проценти од варијансата во контакт активизмот. Хосмер- Лемешоуовиот тест на совпаѓање е незначаен, што дополнително укажува дека моделот е добар χ2 (8)= 177,69, р = ,501. Моделот во кој, освен социодемографските варијабли и годината на испитување, се внесени и агрегираните варијабли, исто така, е значаен χ2 (34) = 453,516, p = .000 и ја зголемува објаснетата варијанса на 16 (Cox & Snell R2 = .160), односно 22 (Nagelkerke R2 = 0,221). Повторно Хосмер-Лемешоуовиот тест на совпаѓање е незначаен, што укажува дека моделот е добар χ2 (8) = 9,576, р = ,296.

Во табелата 38 се дадени вредностите за регресивните коефициенти, односот на шансите и нивните 95 % интервали на сигурност, од кои може да се оцени посебната предиктивната вредност на секоја од внесените варијабли.

Кога се контролираат социодемографските варијабли и годината на испитување, партиципацијата во контакт активизам значително може да се предвиди од: довербата во сопствената можност за влијание, волјата за вклученост во заедницата, процените за нејзината организираност, доследноста на гласачкото однесување, задоволството од местото на живеење и членството во организации клубови и групи. Очекувано, веројатноста за контактирање на претставниците на јавните институции е поголема кај оние што се поуверени дека можат да влијаат и, всушност, со зголемување на една единица на скалата за доверба во сопствената политичка ефикасност, шансата за контакт активизам се зголемува за 1.22 пати.

Како значаен предиктор се јавува и волјата за вклученост и, според наодите, шансите за контакт активизам се 1.35 пати погoлеми кај оние што рекле дека подобрувањето на општеството е лична одговорност и изразиле и желба за вклученост, споредено со оние што дале негативен одговор на овие две прашања.

Ставот за организираноста на соседите или заедницата за граѓански иницијативи, исто така, го предвидува овој вид активизам, зголемувајќи ги шансите за комуницирање со претставниците на јавните институции и власта кај оние што повисоко ја проценуваат организираноста на заедницата. Вреднувањето на промените, исто така, се јавува како значаен предиктор но според наодите, од оние што позитивно ги вреднувале и промените во Македонија и во својот град, значително се разликуваат само оние што дале недоследен одговор, кај кои шансите за учество се значајно помали.

Доследноста во гласачкото однесување е, исто така, значаен предиктор, што е особено разбирливо ако се земе предвид дека и контакт активизмот и гласањето на избори се облици на конвенционално граѓанско учество што се врзани со институцонално дефинираните мeханизми за влијание врз политичките процеси.

Задоволството од местото на живеење негативно го предвидува учеството во контакт активизам, што упатува дека понезадоволните граѓани почесто контактираат со избраните претставници и претставниците на јавните институции. Најпосле, веројатноста за практикување на контакт активизмот е поголема кај оние што се членови во организации, клубови или групи.

Предвидување на конструктивниот активизам

Моделот во кој се внесени само социодемографските варијабли и годината на испитување е значаен χ2 (22) = 174,030, p = .000 и објаснува помеѓу 6 (Cox & Snell R2 = .065 ) и 9 (Nagelkerke R2 = .096) проценти од варијансата во конструктивниот активизам. Хосмер-Лемешоуовиот тест на совпаѓање е незначаен, што дополнително укажува дека моделот е соодветен χ2 (8) = 9,985, р = ,266. Моделот во кој, освен социодемографските варијабли и годината на испитување, се внесени и агрегираните варијабли, исто така, е значаен χ2 (35) = 409,473, p = .000, и објаснува помеѓу 16 (Cox & Snell R2 = .164) и 21 (Nagelkerke R2 = .215) процент од варијансата во конструктивниот активизам. Хосмер-Лемешоуовиот тест на совпаѓање е повторно незначаен, χ2 (8) = 8,114, р = ,422.

Во табелата 39 се дадени вредностите за регресивните коефициенти, односот на шансите и нивните 95 % интервали на сигурност, од кои може да се оцени посебната предиктивната вредност на секоја од внесените варијабли

Слично како и контакт активизмот, и конструктивниот активизам може значително да се предвиди од: довербата во сопствената можност за влијание, волјата за вклученост, процените за организираност на заедницата за граѓански иницијативи, доследноста на гласачкото однесување и членството во организации и клубови.

Шансите за конструктивна партиципација, поточно за учество во јавни групи, расправи или давање предлози и претставки до јавните институции, слично како и за контакт активизмот, се зголемуваат со зголемување довербата во сопствената политичка ефикасност, зголемување на увереноста во организираноста на соседите и доследноста во гласачкото однесување. Веројатноста за конструктивен активизам е поголема и кај оние што изразиле наклонетост за поголема инволвираност, а шансите за учество се 2,56 пати поголеми кај оние што членуваат во организации клубови и групи.

Предвидување на хостилен активизам

Моделот во кој се внесени само социодемографските варијабли и годината на испитување е значаен χ2 (22) = 163,729, p = .000 и објаснува помеѓу 6 (Cox & Snell R2 = .061) и 9 (Nagelkerke R2 =.093 ) проценти од варијансата во контакт активизмот. Хосмер-Лемешоуовиот тест на совпаѓање е незначаен, и дополнително потврдува дека моделот е соодветен χ2 (8) = 3,189, р = ,922. Моделот во кој, освен социодемографските варијабли и годината на испитување, се внесени и агрегираните варијабли, исто така, е значаен χ2 (35) = 435,450, p = .000, и објаснува помеѓу 15 (Cox & Snell R2 = .154) и 23 (Nagelkerke R2 = .234) проценти од варијансата во хостилниот активизам. Хосмер-Лемешоуовиот тест на совпаѓање е повторно незначаен, χ2 (8) = 10,522, р = ,230, што укажува дека моделот е соодветен.

Во табелата 40 се дадени вредностите за регресивните коефициенти, односот на шансите и нивните 95 % интервали на сигурност, од кои може да се оцени посебната предиктивната вредност на секоја од внесените варијабли.

За разлика од претходните две форми на активизам, кои, во основа, најмногу се потпираат на соработка со институциите, за предвидување на хостилниот активизам како значаен показател се јавува и вреднувањето на промените. Шансите за хостилен активизам се 2.17 пати поголеми кај оние што оцениле влошување, споредено со оние што сметаат дека нештата во местото на живеење се подобриле.

Доследно со обрасците на односи што беа констатирани за претходните две форми на активизам, веројатноста за учество во протести и потпишување на петиции се зголемува со зголемување на оцената за организираноста на заедницата за граѓански иницијативи и со зголемување на доследноста во гласачкото однесување. Шансите за хостилен активизам се двојно (2,67) поголеми кај оние што изразиле волја за вклученост споредено со оние што одбиваат да се инволвираат, а членството во организации, клубови и групи ги зголемува шансите за хостилен активизам повеќе од тројно (3,33).

Интересно е да се забележи дека за разлика од претходните облици на активизам, за предвидување на хостилниот активизам значајна е и истакнатоста на чувството на припадност на местото на живеење, меѓутоа може да се заклучи дека веројатноста за хостилен активизам се зголемува со намалување на припадноста или идентификувањето со местото на живеење.

Заклучоци

Доследно со моделот за општи инсентиви (Whiteley & Seyd, 1998; Whitely & Seyd, 1996) и моделот за граѓански волунтаризам (Verba et al.,1995; Brady et al., 1995; Parry et al., 1992), кои нагласуваат дека перцепциите за политичка ефикасност се значајни детерминанти на нивото на партиципација, учеството во граѓански иницијативи и ангажираноста во контакт и конструктивен активизам значително можат да се предвидат од довербата во сопствената моќ за влијание. Ако веројатноста за граѓанско учество и ангажирање во активизам што е посредуван од институциите се зголемува со зголемување на увереноста во политичката ефикасност на граѓаните да влијаат врз процесите на одлучување на национално и локално ниво, не изненадува фактот што доминантната перцепција за практична маргинализираност во процесите на одлучување се рефлектира и во ниското ниво на партиципација во периодот од 2012 до 2016 година. Најголем дел од граѓаните или, во просек од сите испитувани години, двајца од тројца (68,2%) се уверени дека не можат да влијаат врз одлуките за Македонија, а дури 72,9 % од граѓаните што сметаат дека не можат да влијаат врз одлуките на државата сметаат дека не можат да влијаат и врз одлуките во нивната општина, иако можноста за инволвираност во одлучувањето на локалната власт би требало да е подостапна. Може само да се спекулира за каузалните односи меѓу ставовите за моќта за влијание, граѓанскиот активизам и учеството во иницијативи за општо добро, но доследноста на наодите упатува дека една од можните причини за ниската застапеност е доминантата увереност во нивната нецелисходност. Можностите за влијание, според одговорите на испитаниците, се „затворени“ за граѓаните и оттаму граѓанското ангажирање за интервенирање во политичките процеси е залудно.

Наодите дека процените за организираноста на соседите значително го предвидуваат и личното учество се согласни со моделот за општи инсентиви (Whiteley & Seyd, 1998; Whitely & Seyd, 1996), кој ја нагласува важноста на социјалните норми за поткрепување на граѓанското учество. Дополнително од петгодишниот пресек на трендовите во оваа компаративна студија, исто така, произлегува дека известувањата за личната партиципација се конзистентни со перцепциите за граѓанското учество во заедницата. Всушност, во 2014 година се забележува релативен пораст во просечните процени за организираноста на сограѓаните за граѓански иницијативи (и на ниво на град/село и на ниво на Македонија), и во оваа година процентот на граѓани што учествувале во граѓански иницијативи, исто така, доживува релативна кулминација, како и процентот на граѓани што биле ангажирани во контакт и конструктивен активизам. Усогласеноста на трендовите во перцепциите за учеството на сограѓаните и личната партиципација во граѓански иницијативи е дополнителна потврда за наодите како репрезентација на општествената стварност, но исто така, може да упату- ва дека индивидуалното учество во граѓански иницијативи и кооперативен граѓански активизам е поткрепено од перцепциите за колективната ангажираност за општествени промени.

Довербата во можноста за влијание врз процесите на одлучување и на локално и национално ниво, иако е суштествена за учеството во граѓански иницијативи и во формите на активизам што нужно претпоставуваат соработка со институциите, според наодите од регресивната анализа, е ирелевантна за ангажираност во хостилен или спротивставувачки активизам. Како што е претходно наведено, за разлика од кооперативните форми на активизам, за хостилниот активизам клучна улога (од разгледуваните конструкти) има евалуацијата на промените што се случиле. Всушност, ангажираноста во спротиставувачки активизам, пред сѐ, преку учество на протести или демонстрации, доживува пораст во 2015 година, кога се случува и значителен пад во веројат носта за оценување на промени на подобро и во Македонија и во градовите/селата, како и во задоволството од работата во локалните власти.

Истовремено, како што беше претходно нагласено (види го графиконот 27), порастот на спротиставувачкиот активизам е синхронизиран со падот на кооперативните форми на активизам, кои се засноваат на контактирање со институциите и учество во активностите што се организирани од нив (пр., работни групи, јавни расправи), што можеби упатува дека кога соработката со институциите затајува, единствен инструмент за влијание се активностите, со кои се изразува отпор и преку кои се манифестира акумулираното незадоволство. Иако поврзаноста е помала, како што беше нагласено претходно, со зголемување на веројатноста за хостилен активизам, се намалува чувството на припадност на местото на живеење, што можеби укажува дека отпорот и спротивставувањето се манифестираат и преку релативна деидентификација со своите заедни- ци, иако ваквата констатација е преамбициозна, ако се земе предвид дека и покрај тоа што припадноста и на непосредните заедници и на Македонија значително опаѓа во периодот 2012-2016 година, во просек две третини или 67,94% од граѓаните чувствуваат висока припадност на својата земја, а нешто помалку (58,04 %), но сепак, повеќе од половина, чувствуваат висока припадност на своите градови/села.

Членството во организации, клубови и групи, како предуслов за формално волонтерство, ја зголемува веројатноста за учество во граѓански иницијативи и за ангажираност во секоја од трите форми на граѓански активизам, што е конзистентно со теоретизациите за социјален капитал (Putnam, 1993, 2001) и со наодите што упатуваат дека членството и волонтирањето во организации ги зголемуваат увереноста во сопствената политичка ефикасност (Joslyn & Cigler, 2001) и веројатноста за политичко дејствување преку контакт со претставниците на јавните институции, бојкотирање или потпишување петиции (Jenkins, Andolina, Keeter, & Zukin, 2003). Наодите се индиција дека социјалниот капитал што го создаваат локалните организации, групи и клубови може да се претвори и во граѓански активизам, укажувајќи на однос на прелевање помеѓу условно аполитичките и политичките форми на граѓанско учество.

Најпосле, може да се забележи дека, волјата за вклученост, која подразбира лична одговорност за општествени промени и наклонетост за поголема инволвираност во процесите на одлучување на локално ниво, значително ги предвидува и учеството во граѓански иницијативи и практикувањето на сите три форми на активизам, што е во согласност со себеевидентните претпоставки на моделот за моделот за граѓански волунтаризам (Verba et al.,1995; Brady et al., 1995; Parry et al., 1992).

Според Coffé & Bolzendahl (2010): „Систематски и истрајни обрасци на нееднакво учество според постојните линии на стратификација […], се заканa и за политичката еднаквост и за демократската изведба“ (стр. 319). Во контекст на предвидувањата за стратифицираност на граѓанското учество (Uslaner & Brown, 2005, Verba et al.,1995), наодите, сепак, упатуваат дека разликите се најдоследни според родовата припадност и нивото на образование. Родовите разлики во учеството во поконвенционалните форми на политички активизам, како контакт и конструктивен активизам, се статистички значителни во сите години на испитување во периодот од 2012 до 2016 година, дури и кога се контролираат другите социодемографски варијабли, како образованието и приходите. Доследно на податоците за родовиот јаз во застапеноста на јавните и политичките функции (Korunovska Avramovska, Korunovska Srbijanko & Ilikj, 2015), жените, според наодите од оваа петгодишна студија, значително поретко комуницираат со избраните функционери и претставници и значително поретко се дел од активностите што се организирани од јавните институции (на пр., работни групи, јавни расправи). Иако ваквата доследност ја наметнува непријатната помисла дека можностите за пристап до инструментите за влијание се нееднакви за родовите групи, влева надеж наодот дека разликите се помалку нагласени меѓу помладите – кога се контролираат другите социодемографски варијабли, родовите разлики меѓу граѓаните помлади од 29 години во однос на ангажираноста во конструктивен активизам не се статистички значителни во 2013 и 2016 година, додека во однос на учеството во контакт активизам, тие се значајни само во 2012 година.

Конзистентно со моделот за граѓански волунтаризам (Verba et al.,1995; Brady et al., 1995; Parry et al., 1992), според резултатите од студијата, пообразованите почесто учествуваат во сите три фор- ми на граѓански активизам во сите години на испитување, што недвосмислено упатува дека формалното образование е важен ресурс за граѓанско учество (Nie, Junn & Stehlik-Barry, 1996), иако некои автори (Galston, 2007; Ngagement, Ducation, & Galston, 2001) се залагаат и за „специјализирано“ граѓанско образование, кое би им овозможило на граѓаните поефективно да ги поврзат своите индивидуални и групни интереси со јавните политики.

Во контекст на наодите од оваа студија, не е сосема оправдано да се зборува за ерозија на граѓан- ското учество меѓу младите и посоодветно е да се заклучи дека младите не се незаинтересирани за граѓанска партиципација, туку дека учествуваат поинаку. Иако постојат разлики во нивото на учество, пожелно е да се интерпретираат во контекст на разликите во модусите на учество меѓу кохортите (Bennett, et al., 2007; Dejaeghere & Hooghe, 2009; Jois & Toppe, 2005). Помладите, споредбено, поретко учествуваат во електоралните форми на партиципација и во активизмот, кој е посредуван од државните механизми, но во последните две години значително почесто од нивните постари сограѓани се вклучени во хостилен или спротивставувачки активизам, особено преку учество на протести. Во 2015 година, кога застапеноста на хостилниот активизам значително расте, 36,94% од граѓаните помлади од 29 години учествувале во оваа форма на активизам, наспроти 22,22% од постарите. Од друга страна, застапеноста на контакт активизмот кај двете возрасни групи е реверзна и, за споредба, во 2015 година третина (33,33%) од граѓаните постари од 29 години биле инволвирани во контакт активизам, наспроти четвртина (24,62%) од нивните помлади сограѓани.

Сепак, петгодишниот пресек на ставовите на младите дава повод за загриженост. Во 2012 година 68,42% од граѓаните помлади од 29 години чувствуваат висока припадност на Македонија, додека во 2016 година, процентот опаѓа на 43,23%. Очекувано, падот во чувството на припадност се актуализира преку пораст во зачестеноста на намерите за миграција и поразителни се пода- тоците што упатуваат дека ако во 2013 година 38,65% од младите изразиле намера да мигрираат од својата земја во наредните пет години, во 2016 година процентот расте на 51,9%, алармирајќи дека повеќе од половина од граѓаните помлади од 29 години планираат да се иселат од својата земја во наредните пет години.

Библиографија

Ajzen, I. (1988). Attitudes, Personality and Behavior. England: Milton-Keynes Open University Press & Chicago, IL: Dorsey Press.

Ajzen, I. (1991). The Theory of Planned Behavior. Organizational Behavior and Human Decision Processes, 50, 179-211.

Bennett, W. L., Wells, C., & Rank, A. (2007). Young Citizens and Civic Learning: Two Paradigms of Citizenship in the Digital Age. Seattle, WA: Center for Communication and Civic Engagment, University of Washington.

Blais, A., Gidengil, E., & Nevitte, N. (2004). Where does turnout decline come from? [Article]. European Journal of Political Research, 43(2), 221-236. doi: 10.1111/j.1475-6765.2004.00152.x

Brady, H. E., Verba, S., & Schlozman, K. L. (1995). Beyond SES: A resource model of political participation. American Political Science Review89(02), 271-294.

Coffé, H., & Bolzendahl, C. (2010). Same game, different rules? gender differences in political participation. Sex Roles, 62(5-6), 318–333. http://doi.org/10.1007/s11199-009-9729-y

Cohen, E. F. (2005). Neither Seen Nor Heard: Children’s Citizenship in Contemporary Democracies. Citizenship Studies, 9(2), 221-240.

Dejaeghere, Y., & Hooghe, M. (2009). Brief report: Citizenship concepts among adolescents. Evidence from a survey among Belgian 16-year olds. J Adolesc, 32(3), 723-732.

Dekker, P., & Van den Broeck, A. (1998). Civil Society in Comparative Perspective: Involvement in Voluntary Associations in North America and Western Europe. Voluntas, 9(1), 11–38. http://doi.org/10.1023/a:1021450828183

Downs, A. (1957). An Economic Theory of Democracy. New York:Harper & Row.

(2013). European Youth: Participation in Democratic Life. Brussels: European Commission.

Ehrlich, T., (Ed.). (2000). Civic Responsibility and Higher Education. Westport, CT: Oryx Press.

Espirova, N., Ray, J., & Pugliese, A. (2011). Gallup World Poll: The Many Faces of Global Migration. Geneva: International Organization for Migration.

Franklin, M. N. (2004). Voter Turnout and the Dynamics of Electoral Competition in Established Democracies since 1945. Cambridge: Cambridge University Press.

Gallup. (2011, 02.01.2013). Civic Engagement Highest in Developed Countries: People less likely to volunteer time than donate money, help stranger, available at: http://www.gallup.com/poll/145589/civic-engagement-highest-developed-countries.aspx#1

Gallup. (2014). Potential Net Migration Index Declines in Many Countries, available at: http://www.gallup.com

Gallup. (2016). Global Civic Engagement. Retrieved from http://www.gallup.com/195686/2016-global-civic-engagement-report.aspx

Harris, A., Wyn, J., & Younes, S. (2010). Beyond apathetic or activist youth 'Ordinary' young people and contemporary forms of participation. [Article]. Young, 18(1), 9-32. doi: 10.1177/110330880901800103

ILO. (2008). Manual on the Measurement of Volunteer Work, Chapter 5 of Report I, General Report to the ICLS Geneva, Switzerland: International Labour Organization.

ILO. (2011). Youth employment in Eastern Europe: Crisis within the crisis Geneva.

Jenkins, K., Andolina, M. W., Keeter, S., & Zukin, C. (2003, April). Is civic behavior political? Exploring the multidimensional nature of political participation. In annual conference of the Midwest Political Science Association, Chicago.

Jois, G. U., & Toppe, C. M. (2005). Civic Engagement among American Youth: Research, Activism, and Democracy. Association for Research on Nonprofit Organizations and Voluntary Action. Washington, DC

Joslyn, M. R., & Cigler, A. (2001). Group involvement and democratic orientations: Social capital in the postelection context. Social Science Quarterly, 82(2), 357–368. http://doi.org/http://dx.doi.org/10.1111/0038-4941.00028

Kimberlee, R. H. (2002). Why Don't British Young People Vote at General Elections? Journal of Youth Studies, 5(1), 85-98. doi: 10.1080/13676260120111788

Korunovska Avramovska, N. (2012). Parliamentary Control over the Government of the Republic of Macedonia (pp. 113). Skopje: Foundation Open Society - Macedonia.

Korunovska Avramovska, N., Korunovska Srbijanko, J. & Ilikj, S. (2015).Women in politics: Paths to public office and impact at the local level in Macedonia. Reactor – Research in Action

Korunovska Srbijanko, J., Korunovska Avramovska, N., & Maleska, T. (2011). Capitulation, Confusion or Resistance: Social Capital among Macedonian High-School Students. Skopje Youth Educational Forum.

Korunovska Srbijanko, J., Korunovska Avramovska, N., & Maleska, T. (2012a). Predicting Youth Apathy and Exclusion: Macedonian High-School Students and Their Relations to Their Communities. [Original article ]. Sociologija, 54(2), 333-350. doi: DOI:10.2298/SOC1202333K 

Korunovska Srbijanko, J., Korunovska Avramovska, N., & Maleska, T. (2012b). Youth and the Labor Market. Skopje: REACTOR Research in Action

Korunovska Srbijanko, J., Korunovska Avramovska, N., & Maleska, T. (2013). The "Getting Nowhere" Generation: The Transition of Unemployed Youth in Transitional Macedonia. In C. Gordon, M. Kmezic & J. Opardija (Eds.), Stagnation and drift in the Western Balkans: the challenges of political, economic and social change. (Vol. 10). Pieterlen: Peter Lang AG.

Kovacheva, S. (2000). Keys to Youth Participation in Eastern Europe. Strasbourg: Directorate of Youth and Sport. Council of Europe.

Lenzi, M., Vieno, A., Perkins, D. D., Santinello, M., Elgar, F. J., Morgan, A., & Mazzardis, S. (2012). Family Affluence, School and Neighborhood Contexts and Adolescents' Civic Engagement: A Cross-National Study. [Article]. American Journal of Community Psychology, 50(1-2), 197-210. doi: 10.1007/s10464-012-9489-7

Lerner, R. M. (2004). Liberty: Thriving and Civic Engagement among America’s Youth. Thousand Oaks, CA: Sage Publications.

Lim, C., & Sander, T. (2013). Does misery love company? Civic engagement in economic hard times. Social Science Research, 42(1), 14-30. doi: available at: http://dx.doi.org/10.1016/j.ssresearch.2012.07.004

Lyons, W., & Alexander, R. (2000). A Tale of Two Electorates: Generational Replacement and the Decline of Voting in Presidential Elections. Journal of Politics, 62(4), 1014–1034. http://doi.org/10.1111/0022-3816.00044

Mondak, J. J., & Gearing, A. F. (1998). Civic engagement in a post-communist state. [Article]. Political Psychology, 19(3), 615-637. doi: 10.1111/0162-895x.00121

O’Toole, T., Lister, M., Marsh, D., Jones, S., & McDonagh, A. (2003). Turning out or Left Out? Participation and Nonparticipation Among Young People. Contemporary Politics, 9(1), 45-61.

Olson, M. (1965). The logic of collective action. New York: Schocken Books.

Parry, G., Moyser, G., & Day, N. (1992). Political participation and democracy in Britain. Cambridge University Press.

Pattie, C., & Johnston, R. (1998). Voter turnout at the British general election of 1992: Rational choice, social standing or political efficacy? European Journal of Political Research, 33(2), 263–283. http://doi.org/10.1111/1475-6765.00383

Pattie, C., Seyd, P., & Whiteley, P. (2003). Citizenship and Civic Engagement: Attitudes and Behaviour in Britain. Political Studies, 51(3), 443–468+609. http://doi.org/10.1111/1467-9248.00435

Pattie, C., Seyd, P., & Whiteley, P. (2004). Citizenship in Britain: Values, participation and democracy. Cambridge University Press.

Pippa, N., (Ed.). (1999). Critical Citizens Global Support for Democratic Government. Oxford: 'Oxford University Press'.

Putnam, R. D. (1993). Making democracy work. Civil traditions in modern Italy. Princeton University Press. http://doi.org/10.2307/2620793

Putnam, R. (2001). Social capital: Measurement and consequences. Canadian Journal of Policy Research2(1), 41-51.

Theiss-Morse, E., & Hibbing, J. R. (2005). Citizenship and Civic Engagement. Annual Review of Political Science, 8(1), 227–249. http://doi.org

UNDP. (2012a). Enhancing Youth Political Participation throughout the Electoral Cycle. New York City: United Nations Development Programme.

UNDP. (2012b). Youth, Political Participation and Decision-Making [Fact Sheet]. New York City: United Nations Development Programme.

Uslaner, E. M., & Brown, M. (2005). Inequality, trust, and civic engagement. American Politics Research, 33(6), 868–894. http://doi.org/10.1177/1532673X04271903

Verba, S., Schlozman, K. L. and Brady, H. E., (1995). Voice and Equality: Civic Voluntarism Voluntarism in American Politics, Cambridge, Mass.: Harvard University Press.

Whiteley, P. F. (2000). Economic Growth and Social Capital. Political Studies, 48(3), 443–466. http://doi.org/10.1111/1467-9248.00269

Whiteley, P. F., & Seyd, P. (1998). The Dynamics of Party Activism in Britain: A Spiral of Demobilization? British Journal of Political Science, 28(1), 113–137. http://doi.org/10.1017/S000712349800012X

Whitely, P. F., & Seyd, P. (1996). Rationality and party activism: Encompassing tests of alternative models of political participation. European Journal of Political Research, 29(2), 215–234. Retrieved from http://www.blackwell-synergy.com/doi/abs/10.1111/j.1475-6765.1996.tb00649.x

World Bank. (2011a). Migration and remittances data from the World Bank, available at: http://econ.worldbank.org

World Bank. (2011b). Migration and Remittances Factbook (2nd ed.). Washington World Bank.

Youniss, J., Mclellan, J. A., Su, Y., & Yates, M. (1999). The Role of Community Service in Identity Development: Normative, Unconventional, and Deviant Orientations. Journal of Adolescent Research, 14(2), 248-261. doi: 10.1177/0743558499142006

Zaff, J., Boyd, M., Li, Y., Lerner, J. V., & Lerner, R. M. (2010). Active and Engaged Citizenship: Multi-group and Longitudinal Factorial Analysis of an Integrated Construct of Civic Engagement. J Youth Adolesc, 39(7), 736-750.

Zaff, J., & Michelsen, E. (2001). Background for Community - Level Work on Positive Citizenship among Adolescents: A Review of Antecedents, Programs, and Investment Strategies Child Trends. Washington, DC: John S. and James L. Knight Foundation.

ДЗС. (2009). Анкета за користење на времето. Скопје: Државен завод за статистика.

ДЗС. (2012). Процени на населението на 30.06.2011 и 31.12.2011 според полот и возраста по општини и по статистички региони (нтес 3 - 2007 година). Преземено во јуни 2012 година, од Државен завод за статистика на Република Македонија, достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.12.08.pdf

ДЗС. (2013a). Процени на населението на 30.06.2012 и 31.12.2012 според полот и возраста, по општини и по статистички региони (нтес 3 - 2007 година) Статистички преглед: Население и социјални статистики (Vol. 757). Скопје: Државен завод за статистика

ДЗС. (2013b). Статистичка база на податоци, достапно на: http://makstat.stat.gov.mk

Клековски, С., Јаковлеска, Г., & Стојанова, Д. (2011). Општествена одговорност на граѓаните. Скопје, Македонија: Македонски центар за меѓународна соработка.

Клековски, С., Кржаловски, А., & Јаковлеска, Г. (2007). Општествена одговорност на граѓаните. Скопје: Македонски центар за меѓународна соработка.

Клековски, С., Кржаловски, А., Саздовска, С., Јаковлеска, Г., Колиќ, М., & Стојанова, Д. (2009). Општествена одговорност на граѓаните. Скопје, Македонија: Македонски центар за меѓународна соработка.

Клековски, С., Стојанова, Д., Јаковлевска, Г., & Нурединоска, Е. (2011). Долг пат до поголем граѓански ангажман. Скопје: Македонски центар за меѓународна соработка.

МТСП. (2010). Стратегија за промовирање и развој на волонтерството (2010 - 2015) и план за спроведување (акциски план). Скопје, Македонија: Министерство за труд и социјална политика.

ЦИРа. (2006). Истражување за развој на филантропијата во Република Македонија. Скопје, Македонија: ЦИРа.